КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Крај на листата

Менструална правда 

НИКОГАШ ПОВЕЌЕ САМА – ова е слоганот со кој сакаме директно да влијаеме на намалување на менструалната сиромаштија во Македонија. Во  студентската 2024/25 година,  поставивме над 200 диспанзери и дониравме повеќе од 230.000 поединечни Jessa влошки на државните универзитети во земјава. На овој начин помогнавме во борбата против менструалната сиромаштија. 

И оваа година продолжуваме! Во студентската 2025/26 година веќе испорачавме околу 120.000 влошки на сите факултети, за сите девојки да се чувствуваат поддржано и безгрижно.

Запознај ја Bestie

Моето име е Bestie, не се знаеме, но имам чувство дека можеме да бидеме најдобри другарки. Причината е едноставна: тоа што искрено ја поддржуваш нашата кампања со dm ми вели дека веруваме во исти работи. И ти, како мене, сакаш да бидеш потпора, да помогнеш, да ѝ се најдеш на секоја девојка во моментите кога тоа е најпотребно.

Тоа што нè поддржуваш ми укажува дека сакаш да поттикнеш промена и да придонесеш во борбата:

• Да се обезбеди непречен пристап до бесплатни менструални производи на секоја девојка.  

• Да не постојат девојки кои се принудени да користат алтернативи како крпи или тоалетна хартија. 

• Да се постигне намалување на месечните трошоци за менструални производи што секоја девојка ќе го почувстува. 

Со цел ова да го постигнеме, заедно со dm ќе обезбедиме бесплатни хигиенски влошки за сите студентки на државните универзитети во земјава. Кога ќе го види моето лице на диспанзерите поставени во факултетските тоалети, секоја девојка ќе може да се почувствува дека не е сама во тоа што минува, дека тука е нејзината Bestie да ѝ помогне кога е најпотребно. Покрај ова, тука сум и да ти давам совети на темата „Менструација“. Моите совети ќе можеш да ги најдеш тука, во продолжение, но и на социјалните мрежи на dm.

Што да правиш кога болката не попушта?

Крај на листата

Што да правиш при појава на менструални дамки?

Крај на листата

Како да ја смириме болката?

Крај на листата

Би можело да ве интересира

Крај на листата

Менструална правда во Македонија

Менструацијата и менструалната правда се поими кои во минатото важеа за своевидни табу теми. Конкретно, поимот менструална правда е нешто за што навистина малку се зборува, а од него е засегната речиси половина од популацијата, како во Македонија, така и во светски рамки. Како поддржувачи на женското здравје, а пред сѐ на менструалното здравје, решивме да преземеме конкретни чекори околу ова. Во изминатиот период активно преземавме чекори за детабуизација на менструацијата во јавноста, но и конкретни чекори за менструалната правда во земјава.

Што направивме до сега ние на оваа тема?

Изминативе години, како дел од поддршката на проектот „Менструацијата не е луксуз“, dm заедно со здружението „Новинари за човекови права“ ги започна своите активности на оваа тема. Поддржувајќи го проектот „Менструацијата не е луксуз“ беа донирани повеќе од 170 пакети влошки за ученичките во основните училишта во земјава, а повеќе од 100 жени вработени во текстилни фабрики добија повеќекратни менструални влошки како донација . Покрај ова, во рамките на овој проект беа одржани и бројни работилници и едукации на тема „Менструална правда“ во повеќе основни училишта и компании во земјава. 

Почнувајќи од февруари 2024 година, dm, со цел да придонесе кон менструалната правда во земјава и да ги направи овие производи уште подостапни за сите категории жени, долгорочно ги намали цените на влошките и тампоните од сопствената dm марка Jessa. 

Во месец април 2024, вработените на dm „трчаа за менструална правда“ на женската трка во Скопје, а како резултат на ова беа донирани 300 пакети со менструални производи за социјално ранливи категории на жени од Битола, Охрид, Тетово, Гостивар и Скопје. 

Активно разговаравме и се едуциравме на теми поврзани со женското здравје. Како поддршка за жените и женското здравје го лансиравме и dmPodcast-от „Женски ритам“, во кој во 4 епизоди разговаравме за различни аспекти од женското здравје. 

Една од темите на поткастот беше токму менструалното здравје, а целата епизода можете да ја погледнете во видеото во продолжение.