КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
dm Mitarbeiter berät Kundin in der dm Filiale

Услуги и поволности во dm

Кај нас човекот е секогаш во преден план. Со нашите разновидни услуги сакаме вашата посета на нашите дрогерии да биде едно посебно доживување.

dm марка

dm сопствена марка, која нуди докажан квалитет по најповолни цени. Производи достапни само во dm!

Замена и враќање на производи 

Доколку не сте задоволни од производот кој го имате набавено во dm, истиот ќе Ви биде заменет за нов или ќе ги добиете Вашите парични средства назад, со приложување на фискална сметка не постара од 15 дена.

Гаранција за цена

Доколку се појави разлика во цената на фискалната сметка од таа што е изложена на полицата, ќе го добиете производот по цената која сте ја виделе на полицата.

Wi-Fi во сите дрогерии

Во сите наши дрогерии имате можност да користите бесплатен интернет во времетраење од 1 час.

Памучна торба – трајна гаранција 

Оштетените памучни торби кои се купени во нашите дрогерии, во случај на оштетување, бесплатно ќе Ви бидат заменети во нашите дрогерии за нови.

Безготовинско и бесконтактно плаќање 

Освен готовинско, во dm можете да платите и со картички.

Бесплатно пакување подароци 

Производите купени во dm бесплатно ќе Ви бидат спакувани во украсна хартија.

Подарок ваучери

Во нашите дрогерии нудиме ваучери во износ од 1.000, 500 и 350 мкд. како совршен подарок за секоја пригода.

Компетентно советување

Нашите колеги и колешки во филијалите ќе ве советуваат при изборот на производот или услугата согласно сите ваши потреби.

Лупа на потрошувачките количи

Со dm лупата без очила ќе можете да ги прочитате сите описи на производите.