КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Менструација во лето

Лето, сонце, патувањето до дестинацијата за одмор е неизбежно - и токму сега ви почнува менструацијата. Менструацијата на летен одмор или генерално во жешката сезона може да дојде нерегуларно. Покрај маките со менструацијата, тука е и дополнителното физичко оптоварување поради спарното време или горештините. Тоа влијае и на стилот на облекување и планирањето на слободното време. Сето ова може да се надмине со мерки на претпазливост. Прочитајте тука како да се справите со оние денови во летниот период!

Frau im Bikini

Менструација во лето - што сега?

Во лето, опуштеноста, доброто расположение и рекреацијата треба да бидат во преден план. Ако менструацијата дојде баш во најубавите сончеви денови, тоа може да ги исфрустрира жените на многу начини.

  • Физичкo оптоварување: високите температури и влажноста на воздухот можат да ги зголемат евентуалните менструалните грчеви.
  • Гардероба: лесната облека во светли летни бои не простува незгоди со влошките и слично.
  • Спорт и рекреација: Тука, особено активностите поврзани со капењето се под знак прашалник.
  • Патувања на одмор: Подолгите патувања или летови, како и престојот во непознато опкружување (хотели, егзотични дестинации) не поминуваат баш безгрижно.

Сето ова е секако непријатно. Се разбира, поубаво би било да не постои менструација во лето. Сепак, со правилна подготовка и разбирање на физичките процеси, можете добро да излезете на крај со „оние денови“ во летниот период.

Дали менструацијата е поинаква во лето?

Всушност, циклусот се менува во летните месеци. Ова се должи на интеракцијата на светлината и хормоните. Подолгите часови на дневна светлина и зголеменото изложување на сонце влијаат на времето на овулација, а во исто време сè повеќе се ослободува таканаречениот „хормон за стимулирање на фоликулите“.

Послаба менструација во лето?

Но, дали менструацијата е полесна во лето? Само навидум: Зголемената активност на јајниците може да резултира со евентуални поместувања на менструалниот циклус, но не и со намалено крварење. Исто така, не е невообичаено ако имате малку нередовна менструација во лето.

Без менструација во лето?

Некои жени имаат впечаток дека нивната менструација е пократка во лето или дека воопшто немаат менструација во летниот период. Сепак, послаба или (наводно) изостаната менструација е поверојатно да се должи на значителното временско поместување или нејзиното побрзо завршување. Но, ова нема врска со летото, туку со промените во времето и местото. Затоа се овие ситуации особено забележливи во време на патувањата на одмор.

  • Стрес: Пред одмор сте во стрес поради подготвките и генерално (најверојатно несвесно) сте понервозни. Ослободувањето на хормоните на стрес може да ја одложи овулацијата која треба да биде во средината на циклусот.
  • Временска разлика: кога патувате во други временски зони, „внатрешниот часовник“ за кратко време излегува од синхронизација. Ова исто така влијае на ослободувањето на хормонот кој го регулира менструалниот циклус. Поместувањето на овулацијата (а со тоа и менструацијата) не е невообичаено, особено при далечни дестинации или џет-лег.
  • Променета дневна рутина: Ако одеднаш спиете подолго на одмор или останете будни навечер, претстојувате во непозната клима или консумирате невообичаена храна и пијалаци, ова ќе ви го наруши метаболизмот на некое време. Сето тоа исто така може да ја промени менструацијата во лето.

Одложување на менструацијата во лето?

Дали би можеле да „си помогнеме“, за да почне менструацијата подоцна во летото, на пример дури по одморите? Всушност, постојат методи со кои би можело да се одложи менструалното крварење за неколку дена. Билните препарати со ајдучка трева или витекс, на пример, се вели дека го продолжуваат циклусот и на тој начин ја одложуваат менструацијата. Ако користите пилули за контрацепција, варијациите во ритамот на нивното земање може со сигурност да предизвикаат менструалното крварење да подрани или се одложи. Сепак, за ова задолжително побарајте лекарски совет.


Препорака за хигиена при менструација во лето

Менструалните тегоби како што се главоболки, истоштеност и болки во стомакот често се влошуваат со летните горештини. Особена внимателност бара и телесната хигиена. На крајот на краиштата, крварењето додека се препотувате или на плажа и не е многу пријатно. Разладување под туш или со пливање е особено добро решение.

  • Влошки и пот: Иако количината на менструалната крв не се менува во лето, при зголемено потење е разбирливо да ги менувате влошките или менструалните гаќички почесто од вообичаеното.
  • Тампони и пливање: Благодарение на тампоните (и менструалните чашки), капењето не е проблем кога имате менструација во лето. Во секој случај, треба да го замените тампонот веднаш штом ќе излезете од вода. Бидејќи како што ја впива водата, неговиот капацитет за апсорбирање крв се намалува. Дополнително, по капењето во природни води, постои (мал) ризик, солената вода или бактериите да предизвикаат иритација или инфекции на вагината доколку тампонот го носите предолго.

Менструација во лето: совети

За време на вашата менструација во лето, со малку повеќе внимателност, можете да ги минимизирате евентуалните непријатности и да го зголемите вашето чувство на сигурност.

  • Средства за хигиена во багажот: тампоните, влошките и сл. треба да ви бидат секогаш на дофат во вашата чанта или чантата за плажа. Кога патувате на одмор, во куферот секогаш треба да имате доволно женски хигиенски средства, особено ако не знаете каква е снабденоста во местото на одмор. Не заборавајте на хигиенските марамчиња и средствата за дезинфекција. Инаку: Средствата за хигиена, спакувани во посебни кесички, се позаштитени од зрнцата песок и нечистотијата.
  • Облека: За време на менструалниот период нешто секогаш може да „тргне наопаку“. Затоа, во деновите со крварење оставете ги белите шорцеви во плакарот и одберете темна или шарена облека. На тој начин секоја капка нема веднаш да биде видлива. Истото важи и за крпите за плажа.
  • Трик за костими за капење и мини здолништа: се плашите дека врвката за вадење на тампонот би можела да ѕирка? Едноставно фиксирајте ја дискретно со мал фластер на достапна, покриена површина на кожата.
  • Пијте доволно: За време на менструацијата и поради зголеменото потење во лето, телото губи течности. Затоа особено важно е да пиете многу. Тоа ја спречува и главоболката.
  • Лесна облека: Во топлите денови треба да избегнувате тесни, стреч панталони. Дополнителниот притисок врз стомакот може да ја зголеми абдоминалната болка.
  • Движете се: Треба да останете активни и за време на менструацијата. Ако тоа е премногу исцрпувачки во текот на денот поради неподносливата жештина, одете на романтична прошетка под месечевата светлина.

Со соодветна облека, хигиена и соодветни хигиенски мерки за итни случаи, можете целосно опуштено да ја издржите менструацијата во лето!

FAQ

Со менструација на капење во море?

Капењето во море со тампон не е проблем доколку се замени веднаш по излегувањето од водата. Некои жени се сериозно загрижени да не привлечат ајкули со менструалната крв додека во местото на одмор пливаат во морето. Сепак, таков ризик дефинитивно не постои.

Дали постојат костими за капење за менструација?

Всушност, различни брендови сега имаат шик менструални костими за капење и бикини во својот асортиман. Во деновите со послабо крварење, можете со нив слободно да влезете во вода.

  1. Jessa

    SUPER PLUS тампони, 48/1

  2. Jessa

    влажни марамици за интимна нега, 20/1

  3. seba med

    гел за интимна хигиена, 200 мл

  4. Jessa

    лосион за интимна нега, 300 мл

  5. Jessa

    SENSITIV лосион за интимна нега, 300 мл

Крај на листата