Крај на листата
Асортиман со производи со признати еколошки ознаки
Ние сакаме секому да му ја пружиме шансата на свесно купување. Сè што ви е потребно се компетентни совети од вработените во dm и таков асортиман, кој во секоја категорија нуди одржливи алтернативи. Подолу може да дознаете повеќе на ова тема.
Nature линија на dm марка производите
Nature линијата на dm марка производите се фокусира на употреба на состојки од органско потекло и рециклирана амбалажа. Еколошкиот отпечаток на популарните dm марка производи се намалува со користење на нивните еколошки алтернативи. На пример, Denkmit производите за чистење не содржат конзерванси и бои или пак, еколошки прифатливите Jessa хигиенски производи со 100% сертифициран органски памук, кои воглавно се состојат од обновливи суровини и содржат 100% сертифициран органски памук. Дизајнот на амбалажата е насочен кон заштеда на материјалит и треба да го олесни купувањето на еколошки свесните потрошувачи. Дознајте повеќе за Nature линијата на dm марка производите.
Производи чија формулација не содржи микропластика и синтетички полимери растворливи во вода
Уште од 2014. година, ги променивме сите dm марка производи за нега на тело и заби кои се испираат и ги заменивме пластичните микрочестички (,,микропластика’’) со природни суровини. Меѓутоа, сè повеќе купувачи исто така внимаваат за тоа нивните производи да не содржат ниту синтетички полимери растворливи во вода. Пластичните соединенија се употребуваат како средства за згуснување на производите, за производите полесно да се дозираат. Иако не се вбројуваат во штетна микропластика, треба чекор по чекор да ги замениме во сите dm марка производи, кои тогаш ќе ја носат еколошката ознака ,,Без микропластика’’. Оваа еколошка ознака веќе се наоѓа на преку 700 производи и на еколошки свесните потрошувачи им служи како водич при пазарувањето.
Цврсти производи
Цврстите производи за чистење и нега не се само поекономични, туку и нивното пакување (на пр. картонска кутија) овозможува целосно избегнување на пластика. За да се спакуваат овие цврсти производи за убавина, најчесто се доволни само кутија или парче хартија. Во споредба со течните производи, тие исто така имаат помал волумен и на тој начин го штедат просторот, а со самото тоа и енергијата при транспорт. Еколошки свесните потрошувачи во dm може да пронајдат голем избор на вакви производи – од цврсти шампони, регенератори, гелови за туширање па сè до цврсти дезодоранси и лосиони за тело, а посебно популарни се производите на dm марките alverde, Balea и Langhaarmädchen.
Паметен дизајн на амбалажа
Во текот на производството на dm марка производите, секој производ посебно се проверува повеќе пати во однос на квалитетот, но и во поглед на амбалажата. Дали може да се заштеди на материјал за амбалажа или тој може сосема да се изостави? Ако производот мора да биде спакуван, како на пример во картонска кутија, шише или туба - дали тие можат да бидат дизајнирани така што ќе биде потребен што помалку материјал? Дизајнот на амбалажата е со намалена употреба на материјали и со секој милиметар кој може да се заштеди, придонесуваме кон зачувување на скапоцените ресурси. Кога станува збор за амбалажи, секој мал чекор е важен за dm.
Уделот на рециклиран материјал во амбалажата на dm марките / ,,ForumRezyklat’’
Амбалажа со одреден удел на рециклиран материјал која може повторно да се рециклира, игра посебно важна улога во dm, а уделот на рециклираниот материјал во амбалажата на производите на dm марките, се зголемува од година, во година. Бидејќи ова е возможно само ако сите вклучени актери се здружат, во 2018. година, на иницијатива на dm Германија, е основан #ForumRezyklat. Составен е од 47 члена, во кој се вбројуваат и потрошувачи, производители на амбалажи, компании за отстранување на отпад и политички претставници – тие го претставуваат целиот синџир на вредности.
Целта е подигнување на свеста за кружната економија за рециклирање, како кај производителите и компаниите за отстранување на отпад, така и кај потрошувачите. Затоа што уделот на рециклиран материјал во амбалажите може долгорочно да се зголеми, само ако материјалот прецизно се сортира по видови.
SEINZ. / Plastic Bank
Со секој продаден производ од dm марката SEINZ. dm ја поддржува Plastic Bank организацијата и на тој начин dm го поддржува собирањето на пластичен отпад во крајбрежните региони преку заедничката соработка. Plastic Bank е друштвена организација застапена во Хаити и Индонезија која истовремено сака да го намали пластичниот отпад во морињата и сиромаштијата во земјите во развој. Луѓето го собираат отпадот од бреговите и го носат во станици за рециклирање. Таму во замена добиваат готовина, храна и ваучери за образование. Вака собраниот отпад се рециклира и се користи како рециклиран материјал собран преку социјални проекти на Plastic Bank за нови производи.

















