
dm секогаш поволно
За нас, секогаш во центарот на вниманието сте вие и вашето искуство при купувањето во нашите продавници. Затоа искористете ги секогаш поволните цени во dm и заштедете време и пари при секое ваше пазарување.
Ветувањето дека во dm секогаш купувате поволно го нарекуваме dm ценовно ветување. Тоа за вас значи: долгорочно сигурни и поволни цени на повеќе од 7 000 производи, без разлика дали станува збор за брендови на производители или за dm марки.
Купувајте кога и како сакате. Без краткотрајни промотивни периоди или ограничени понуди. Така заштедувате време и избегнувате стрес: dm секогаш поволно.
Уживање со поволни цени
Добро снабдени во текот на целиот ден: овој избор на прехранбени производи нуди вкусни идеи за мали и големи моменти на уживање. Без разлика дали преферирате солени, слатки или освежителни производи, тие се истакнуваат со својата разновидност и долгорочно поволните цени.
Подготвено за миг!
Издвоени производи
Омилени производи за убавина по поволни цени
Без разлика кој изглед најдобро ви одговара: купувајте ги вашите омилени производи за секојдневна нега и убавина и инспирирајте се од најновите трендови по секогаш поволни dm цени
Секогаш во чекор со трендовите.
Од самиот почеток обезбедени со dm секогаш поволни цени
За семејно секојдневие на кое можете да се потпрете: откријте производи за бебиња и деца по dm секогаш поволни цени – од докажани омилени производи до нови фаворити што ќе ги засака целото семејство.
Производи за семејно секојдневие
Нега со заштеда
Откријте производи за вашата секојдневна нега и орална хигиена. Сè што ви е потребно на редовна основа ќе го најдете овде по dm секогаш поволни цени.
Производи за семејно секојдневие
Домаќинство по dm секогаш поволни цени
За домаќинство на кое можете да се потпрете: откријте проверени помагала за секојдневието и практични производи за секој ден – секако, секогаш поволно во dm.
Така чистотата останува беспрекорна
Секогаш поволни цени на повеќе од 7 000 производи
Долгорочно поволни цени
Во dm може да пазарувате по долгорочно поволни цени: цените на производите што се дел од концептот „dm секогаш поволно“ нема да бидат зголемени минимум 4 месеци. Концептот „dm секогаш поволно“ опфаќа повеќе од 7 000 производи од понудата на асортиманот во dm.
Докажано уште од 1994 година
dm drogerie markt, уште во 1994 година, заедно со Германското здружение за потрошувачки иницијативи (Bundesverband Verbraucher Initiative e.V.), кое од 1985 година се залага за одржлив и фер пазар, го разви dm ценовното ветување во Германија. Причина за тоа беше тоа што тогашната, како и денес, во конкуренцијата, сѐ уште вообичаената рекламна политика со постојани и краткорочни специјални понуди и акции изгледаше нетранспарентна и не премногу поволна за потрошувачите.
Ценовниот концепт „dm секогаш поволно“ во нашата земја го воведовме од 2023 година. Со тоа, на нашите купувачи им ветуваме дека цените ќе останат стабилни подолг временски период, односно дека цените на производите што се дел од концептот „dm секогаш поволно“ нема да бидат зголемени најмалку 4 месеци. Тоа го нарекуваме долгорочно поволни цени.
Концептот „dm секогаш поволно“ опфаќа повеќе од 7 000 производи од понудата на асортиманот во dm. Од мај 2023 година, овој концепт го промовираме под слоганот „dm секогаш поволно“.
Ценовното ветување во dm важи за повеќе од 7 000 производи од асортиманот, под слоганот „dm секогаш поволно“
Не само што во dm е секогаш поволно, туку и секогаш транспарентно.
Цените на производите се јасно прикажани и достапни за вас на полиците во продавниците на dm.
Вака ќе ги пронајдете нашите dm секогаш поволно цени:
Подготвено за миг!
dm секогаш поволно
Без разлика дали се соочувате со семејна динамика, подготвувате романтична вечер, уживате во момент за себе или правите големо чистење: што и да бара вашето секојдневие во моментот, кај нас ќе го најдете токму тоа што ви е потребно. Инспирирајте се од нашиот разновиден асортиман.
dm марки: Највисок квалитет по најдобра цена
Нашите dm марки ви нудат одличен квалитет по пристапна цена. Откријте ја разновидноста, од производи за нега до производи за домаќинство.
Погледнете го нашиот секогаш поволно експрес каталог
Често поставувани прашања
Што е секогаш поволно?
Што е секогаш поволно?
Основната замисла на концептот СЕКОГАШ ПОВОЛНО е да му носи на купувачот континуирани придобивки, кои се отсликуваат преку заштеда на време и пари на долг рок, доколку се има предвид дека тој може во секое време да ги најде своите омилени производи по поволни цени, без потреба да бара и да споредува цени во други малопродажни објекти. Во исто време, концептот СЕКОГАШ ПОВОЛНО носи нови одржливи трендови на пазарот во нашата земја, но и ги едуцира купувачите за посовесни и помалку стресни начини на купување. Со тоа се создава ново и поквалитетно доживување на пазарувањето, без да се чекаат акции или да се создаваат резерви од производи.
Kако функционира системот на долгорочни цени?
Kако функционира системот на долгорочни цени?
Сите производи што се вклучени во рамките на овој ценовен концепт ќе бидат долгорочно поволни. На секоја ценовна етикета на производот јасно ќе биде назначен датумот од кога цената на производот нема да биде зголемена, гарантирано најмалку четири месеци, а оваа информација купувачите ќе можат да ја проверат и во нашите двонеделни и месечни каталози, како и на нашите социјални мрежи.
Колку долго трае еден циклус СЕКОГАШ ПОВОЛНО?
Колку долго трае еден циклус СЕКОГАШ ПОВОЛНО?
Четири месеци е минималниот период за време на кој нема да се зголемат цените на производите СЕКОГАШ ПОВОЛНО, што значи дека нивната цена сигурно нема да се зголеми во овој период, туку може само да биде дополнително намалена.
Дали dm „секогаш поволно“ важи само за одредени производи?
Дали dm „секогаш поволно“ важи само за одредени производи?
Концептот СЕКОГАШ ПОВОЛНО во моментов опфаќа над 7 000 производи од вкупниот асортиман во dm.
Кој може да ја користи „секогаш поволната“ понуда?
Кој може да ја користи „секогаш поволната“ понуда?
Сите! Навистина сите наши купувачи можат да купуваат во dm по секогаш поволна цена, во сите наши дрогерии ширум земјата.





