Работа во dm инспирирана од животот
Ветувањето „тука сум човек“ во dm не се однесува само на купувачите и партнерите. Ова посебно важи и за вработените. Работата е важен дел од животот. Затоа, секој во dm може да го најде својот индивидуален пат. Со свое темпо. Без разлика дали станува збор за продавница или централа, сите вработени во dm имаат можност да работат самостојно и да се развиваат лично, со цел да ја обликуваат иднината заедно како тим.
Нашата мотивација:
Ние дејствуваме во интерес на луѓето, затоа што сме убедени дека економијата им служи на луѓето, а не обратно. Нашата цел е да ги израдуваме купувачите со уникатен асортиман и специјални услуги, а во исто време да дадеме вреден придонес кон едно општеството во кое вреди да живееме.
Нашето тврдење:
Во сè што правиме, ние се стремиме кон подобрување. Ова бара голема храброст, отвореност кон иновативност, како и вербата во себе и во другите.
Нашето ветување:
Ние во dm го живееме работењето посвесно. Од моделот на флексибилно работно време, до мерките за унапредување на здравјето, обуката и понатамошното образование - ние ги поддржуваме нашите вработени во сите животни ситуации и им даваме доволно простор за личен развој.
Дали би сакале да бидете дел од тимот на dm? Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со Вас. Отворените конкурси за во нашите дрогерии и централата може да ги најдете подолу на оваа страна.


