ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Ние, dm drogerie markt, улица Даме Груев бр. 7, телефон +389 2 322-2733, е-пошта info@dm.mk  (во понатамошниот текст ,,dm’’) сме заеднички одговорни со Facebook Ireland Ltd, 4 Grand Canal Squarе, Даблин, Ирска (во натамошниот текст ,,Facebook’’ ) за водење на нашата страница на Facebook, како и нашиот профил на Instagram, во рамките на правилата на Општата регулатива за заштита на податоците (General Data Protection Regulation, во натамошниот текст ,,ГДПР’’). Истото важи и за нашиот YouTube канал на Google Irealnd Limites, Gordon House, Barrow Strett, Даблин, Ирска (во натамошниот текст ,,Google’’ ). Воедно, dm е одговорен за усогласеност со Законот за заштита на личните податоци (Сл. Весник на Република Северна Македонија бр.42/2020 од 16.02.2020 година – во понатамошниот текст „Закон за заштита на личните податоци“).
Ние ја разбираме заштитата на вашите лични податоци многу сериозно и се придржуваме до законските одредби за заштита на податоците. 
Во продолжение би сакале да го свртиме вашето внимание на неколку аспекти релевантни за регулативата за заштита на податоците при користење на нашата страница на Facebook, профилот на Instagram и каналот на YouTube.
1. Обработка на лични податоци од страна на Facebook, Instagram и Google
Facebook, Instagram и Google ги обработваат податоците на корисниците според нашето ниво на информации, особено за обезбедување на услуги, за рекламирање (анализа, креирање на персонализирано рекламирање), истражување на пазарот, персонализирање и подобрување на производите.
Ви обраќаме внимание кон тоа дека овие платформи, во свое име и на своја сметка, собираат и обработуваат поголема количина на информации за вас, од оние кои се обработуваат за горенаведените цели во корист на dm. Во врска со тоа, погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња на самите друштвени мрежи како би дознале кои податоци за вас се собираат и за која цел се користат. dm нема никакво влијание врз таа обработка на лични податоци.
Подетални информации за обработка на податоците од Facebook и Instagram можете да пронајдете во политиката за приватност, достапна тука, и од Instagram, достапна тука.
За Google подетални информации можете да најдете тука.
Facebook, Instagram и Google користат т.н. колачиња да ја зачуваат и да ја обработат информацијата во иднина. Ова се текстуални датотеки кои се зачувани на уредите на корисниците. Ако корисникот има профил на Facebook или на Instagram и е најавен, податоците исто така може да бидат зачувани и анализирани меѓу различни уреди.
За повеќе информации за тоа како Facebook, Instagram и Google користат колачиња и како да го оневозможите користењето, погледнете во  политиката за колачиња на Instagram, политиката за колачиња на Facebook и политиката за колачиња на Google. 
2. Статистики на страната
Facebook, Instagram и Google ни даваат, како оператори на нашите профили и каналот,  статистики за употребата на нашите профили и каналот (увид) . За одредени категории (Followers, Reach итн.) и временски периоди, следните информации ни се овозможени од страна на Facebook, Instagram и Google: процент на мажи и жени, потекло во однос на земјата и градот, возраст и јазик (На пример, интеракции со нашите објави, настани или видеа).
Покрај тоа, добиваме дополнителни информации за увидите на целната група до кои можеме да пристапиме како резултат на нашите реклами: статус на врска, брачен статус, ниво на образование, позиција на работно место, податоци од други страници кои на нашите фанови најчесто им се допаѓале, интереси, однесување на корисниците, важни настани во животот (На пример, свадба, веридба, раѓање на дете, родендени), употребување на уредот, фреквенција на активност.
Статистиката на страницата е генерирана и обезбедена од Facebook, Instagram и Google т.е. ние како оператор на понудените страници, профили и канали немаме никакво влијание врз генерирањето и презентацијата.
Ние ги примаме податоците во збирна форма и ја користиме статистиката за да ги направиме нашите објави и активности на нашата страница на Facebook, нашиот профил на Instagram и каналот на YouTube, што е можно попривлечни за корисниците.
Бидејќи статистичките податоци се прикажани само како бројки, тие не се препишуваат на поединци.
За повеќе информации за статистиките, ве молиме погледнете ги податоците за Facebook Page Insight Data, достапни тука, Instagram Account Insights, достапни тука и за каналот на YouTube достапни тука.
Овие информации кои ги добиваме од социјалните мрежи се анонимни и не е возможно да се поврзат со секој поединец.
Обработката на овие податоци од страна нa dm се заснова врз членот 6 од ,,ГДПР’’ и член 10 од Законот за заштита на личните податоци. Обработката ни овозможува да ги оптимизраме функционалностите на нашите страници и каналот и да ја подобриме нашата понуда. Овие цели вклучуваат и наш легитимен интерес за обработка на податоците во согласност со член 6, став 1 од ,,ГДПР’’ и член 10 став 1 алинеја 6 од Законот за заштита на личните податоци.
3. Обработка на други лични податоци од страна на dm
Можеби ќе можеме да ги идентификуваме корисниците на нашата страница на Facebook, профил на Instagram и канал на YouTube и да ги прегледаме нивните профили и споделените информации во согласност со нивните поставки за видливост, како на пример, кога коментираат на наши објави или на нашите страни, кога лајкнуваат објави или кога ги означуваат нашите страни и профили.
Доколку сакате да ги ограничите овие активности за обработка на податоци во иднина, можете да ги избришете објавите или да ја користите функцијата ,,Unlike/Unfollow this page’’. Истото важи и ако повеќе не сакате да нè следите на Instagram или да бидете претплатени на нашиот канал на YouTube.
Ако ни дадете лични податоци за себе директно преку нашата страница на Facebook, профил на Instagram и канал на YouTube (На пример, преку директни пораки или објави), ние ќе ги користиме овие податоци исклучиво како одговор на вашите објави, на пример, да одговориме прашања или да одржиме наградни игри.
Правната основа за обработка на податоците поврзани со ова е според членот 6, став 1  од ГДПР и член 10 став 1 алинеја 6 од Законот за заштита на личните податоци, и во други аспекти, засновано на нашиот интерес да одговориме на прашањата и да придонесеме на кориснички ориентиран начин, и доколку е потребно, да ги документираме резултатите од обработката.
Вашите лични податоци како што е телефонскиот број може да бидат искористени за добивање маркетинг пораки за нашите производи и услуги, настани или активности кои ги организираме, само ако се согласите на тоа и се приклучите на нашиот официјален Viber канал или други апликации за комуникација.
Доколку не сакате повеќе да добивате ваква маркетинг комуникација може да се исклучите од нашиот Viber канал, преку промена на преференците во апликацијата, со повлекување на вашата согласност за добивање на маркетинг комуникација, преку контакт на е-пошта: zlp@dm.mk.
Ваквата обработката на личните податоци за вршење на маркетинг активности се врши врз основа на ваша согласност, односно правна основа е чл. 6 ст. 1 т. а) од ,,ГДПР’’ или член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци.
4. Facebook Messenger и Instagram direct messages
За одредени потреби, на Facebook messenger и на Instagram Direct добиваме ваши лични податоци кои ни се потребни за да одговориме на вашите прашања и поплаки, да ве услужиме или да испратиме подарок од наградна игра до ваша адреса: фискални сметки, телефонски броеви за контакт, адреси.
Овие информации се користат исклучиво во текот на дијалогот и се обработуваат исклучиво за целите за кои се собрани.
Податоците понекогаш е потребно да се проследат до одделни сектори, од кои е потребно да се добие соодветен одговор за поставеното прашање/ поплаката.
Исто така, проследените информации се користат исклучиво за оваа цел.
Овие информации ќе се избришат од дијалогот најдоцна 4 недели откако ќе бидат испратени.
Кога ќе го отворите нашиот профил на Facebook, Facebook messenger ќе испрати автоматска порака до вас за бидете побрзо услужени, но и во текот на викендите имаме активирано автоматска порака на Facebook messenger.
Податоците кои ќе бидат испратени во овој дијалог, ќе бидат обработени исклучиво за потребните горенаведени цели и ќе бидат избришани најдоцна 4 недели по испраќањето.
Ако обработката на податоците се заснова врз ваша согласност, правна основа е чл. 6 ст. 1 т. а) од ,,ГДПР’’ и член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци. Ако обработката на податоците е исто така неопходна за обезбедување бесплатни услуги, правна основа е чл. 6 ст. 1 т.f) од ,,ГДПР’’ и член 10 став 1 алинеја 6 од Законот за заштита на личните податоци.  За она што е неопходно да се направи  обработка на податоците за да се заштитат нашите легитимни интереси, особено за да им се обратиме на корисниците во контекст на image-маркетинг, правната основа е чл. 6 ст. 1 т.f) од ,,ГДПР’’ и член 10 став 1 алинеја 6 од Законот за заштита на личните податоци.
5. Наградни игри
На нашите онлајн страници, како Facebook и Instagram често се објавуваат наградни конкурси (giveaways). При учество во наградните конкурси, нашиот следбеник се согласува дека доколку тој биде потенцијален добитник,  неговите лични податоци ќе бидат доставени до нашиот маркетинг тим одговорен за уредување и одржување на нашите онлајн страници. Вообичаено,  наградите се подигнуваат директно од нашата централа на ул. Даме Груев бр.7, во Скопје. При предавање на наградата се проверува личната карта на добитникот. Доколку некој друг во негово име ја подигнува наградата, неговото име и презиме треба да ни биде претходно најавено и при подигање на наградата до нас се доставува слика од лична карта на добитникот. Друга опција за подигнување на наградата е тие да се испратат до градовите каде што има наши дрогерии. Во тој случај до нас се доставува име, презиме и телефонски контакт од добитникот. Овие податоци се користат исклучиво за обработка на наградната игра и се бришат најдоцна 4 недели по добивањето. 
Правна основа за обработка на податоците во рамките на наградната игра е чл. 6 ст. 1 б) од ГДПР и член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци. Сите податоци за адресата собрани за испраќање на наградата ќе бидат избришани најдоцна 4 недели по извлекувањето, освен ако не е наведен подолг период за натпреварот. Правна основа за пренос на податоци до соодветниот партнер за соработка е чл. 6 ст. 1 б) од ГДПР и член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци.
6. Времетраење на чување на податоците
Зачуваните лични податоци ќе бидат избришани доколку сте се спротиставиле на обработката, ако тие веќе не се потребни за да се исполни целта за која се зачувани или доколку чувањето не е дозволено од други правни причини.
Собраните лични податоци ќе бидт избришани доколку вие го побарате тоа, доколку приложите приговор за обработка на личните податоци или ако нивното чување не е дозволено поради други правни причини.
Имајте предвид дека Facebook, Instagram и Google може исто така да ги собираат и чуваат вашите податоци кога ги посетувате нашите профили на овие страници. Ова исто така важи и за колачињата што ги користат Facebook, Instagram и Google за да ги обезбедат функционалностите. Ние немаме никакво влијание врз ова. Во овој поглед, ве молиме земете ги предвид информациите од Facebook, Instagram и Google.
7. Категории на приматели, проследување на земји надвор од Европска Унија
По правило, ние не ги пренесуваме вашите податои на трети лица, освен ако не сме законски обврзани да го сториме тоа (На пример, кога тоа бараат институции за да го спроведат законот.) или ни се потребни за да извршуваме деловни процеси.
Ова се однесува, на пример, на даватели на услуги за испорака, даватели на услуги за плаќање, даватели на услуги за управување со роба, даватели на услуги за обработка на нарачки, web -hosts, комуникациски агенции, надворешни центри за повици или даватели на услуги за ИТ.
При тоа, податоците може да се проследат и до други земји каде горенаведените партнери можеби имаат седиште, односно ги обработуваат податоците. Тоа се пред се’ државите во Европскиот економски простор, но и поединечни земји надвор од него, доколку е обезбедено соодветно ниво на заштита на податоците.
Facebook Inc. (Американска матична компанија на Facebok Ireland Ltd.) како и Instagram се сертифицирани за Рамковна спогодба за заштита на податоите, како би се обезбедило европско ниво на заштита на податоците. Истото важи и за Google Ireland Limited.
8. Права на субјектот на податоците
Имате право да добиете информации за обработка на лични податоци што се однесуваат на вас, право на преносливост на податоци и кога е применливо, права на откажување, корекција, ограничување на обрабтката и/или спротиставување на обработката, како и право на жалба до надзорен орган. Можете да добиете дополнителни информации од нашиот службеник за заштита на податоците, чии детали за контакт ќе ги најдете подолу.
Бидејќи само Facebook има целосен пристап до корисничките податоци, генерално препорачуваме да контактирате директно со Facebook, Instagram и Google за да ги остварите вашите права. Ако ви треба поддршка или имате какви било прашања, контактирајте нè  користејќи ги информациите подолу за контакт. Вашето барање, со задоволство ќе го проследиме до Facebook, Instagram и Google
9. Службеник за заштита на податоци
За прашања во врска со заштитата на податоците или вашите лични податоци во dm, можете да контактирате со нашиот службеник за заштита на податоци по е-пошта:
zlp@dm.mk
или по пошта:
dm drogerie markt д.о.о.
Тим за заштита на лични податоци
Улица Даме Груев бр. 7
1000 Скопје
Септември  2020 година