КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Менструална чашка

Менструална чашка, -капаче, ѕвонче или менструален сад: зад овие имиња се крие вистинска алтернатива за оние денови. Таа е еколошка и поволна бидејќи може повторно да се користи. Користењето бара прво малку вежбање, но штом еднаш ќе се испраксирате, тотално ќе ги обожавате предностите на менструалните чашки.

Hand hält gelbe Menstruationstasse

Како функционира менструалната чашка?

Менструалната чашка е чашка во форма на ѕвонче направена од латекс, медицински силикон или пластика. Се преклопува и се вметнува во вагината за да го собира менструалното крварење. Се поставува директно пред грлото на матката или нешто подолу во вагината.

За разлика од тампоните, течноста не се апсорбира, туку се собира во чашката. Во зависност од моделот, може да се соберат до четириесет милилитри за дванаесет часа, во зависност од интензитетот на менструацијата. За чистење, едноставно испразнете ја содржината во тоалетот, темелно исчистете ја чашката и повторно ставете ја. Прочитајте овде како да ја вметнете и извадите менструалната чашка:

Вметнување на менструалната чашка

За да ја вметнете чашката за менaструација, таа прво мора да се „преклопи“. Можете да користите различни техники на преклопување:

  • C-преклоп или срце
  • S-преклоп или кобра
  • преклоп со набивање или школка
  • преклоп со превиткување или триаголник

Ако менструалната чашка лежи правилно, таа ќе се врати во првобитната големина веднаш по вметнувањето. Потоа ќе слушнете и ќе почувствувате мало пукнување.

Техниките се детално опишани во упатствата за употреба на производителот. Испробајте ги различните техники на превиткување на раат и дознајте со која од нив најдобро се снаоѓате. Дајте си доволно време и погрижете се да не бидете вознемирувани.

Отстранување на менструалната чашка

За празнење на чашката, вметнете ги палецот и показалецот во вагината и нежно притиснете од страна кон чашката. Со тоа се ослободува негативниот притисок што се создава кога претходно се отворила. Сега можете да ја држите чашката за дршката на долниот крај и нежно да ја повлечете нанадвор. Ќе ви биде полесно ако го стиснете малку горниот дел (ѕвончето) додека го правите ова.

Предности и недостатоци на менструалната чашка

Жените во својот живот трошат околу 20.000 евра на средства за менструална хигиена, од кои повеќето се користат само еднаш и се фрлаат во ѓубре. Тука менструалната чашка јасно ги покажува своите предности. Дознајте повеќе овде:

Предности на чашката за менструација

Во зависност од производителот, менструалната чашка може да се користи до десет години. За разлика од тампоните, од кои жената користи околу десет илјади парчиња пред менопаузата, чашката е исплатлива и еколошка алтернатива. Трошоците се движат меѓу десет и дваесет евра. Така заштедувате многу пари во споредба со влошки, тампони или менструална долна облека.

Според производителот, менструалната чашка е погодна и за жени кои се склони кон алергии, вагинална микоза и инфекции. Затоа што: Чашката не ја суши вагината. Друга предност на менструалната чашка пред влошките и тампоните е тоа што е невидлива кога се носи и не се лизга.

Предизвици при користењето на менструалната чашка

А недостатоците? Користењето на чашката бара малку вежбање и трпение. Жените кои имаат мака со вметнување тампони веројатно ќе имаат проблеми и со чашката. На сите жени не им е пријатно да ја видат и фрлаат собраната менструална крв. Исто така, ракувањето со неа во јавен тоалет без мијалник во кабината може да биде комплицирано.

Која големина на менструалната чашка одговара?

Благодарение на мекиот и флексибилен материјал, чашката во идеален случај се припива толку цврсто на вагиналниот ѕид што не може да помине течност покрај неа. Предуслов за сигурно припивање е вистинската големина на менструалната чашка. Сите производители имаат производи во различни големини (на пр. S, M, L, XL) во нивниот асортиман, а некои и модели со различни степени на цврстина. Која верзија е вистинската зависи од следниве фактори:

  • Положба на грлото на матката: Растојанието помеѓу влезот во вагината и грлото на матката (цервиксот) ја одредува големината на чашката, а со тоа и удобноста при носењето. Прашајте го вашиот лекар или самите почувствувајте колку е далеку грлото на матката од вагиналниот отвор.
  • Јачина на мускулите на карличното дно: Со тренирана мускулатура на карличното дно, потребна ви е чашка со мал дијаметар; кај слаби мускули на карличното дно се препорачува чашка со поголем дијаметар.
  • Јачина на крварењето: Жените со многу обилно крвавење за време на менструацијата треба да изберат менструална чашка со големина M или L.

Многу производители ви нудат менструални чашки во комплет со различни големини. Така ќе можете да пробате која најдобро ви одговара.

Хигиена: Чистење на менструалната чашка

Како и при употребата на тампони, хигиената е важен предуслов за користење на менструалната чашка. Пред вметнување или отстранување, секогаш мијте ги рацете темелно и исчистете ја менструалната чашка на следниов начин:

  • Пред првата употреба, најпрво треба темелно да ја исчистите менструалната чашка со благ сапун и топла вода. Потоа ставете ја во зовриена вода околу пет минути за да се стерилизира.
  • По секое празнење, се препорачува да се исчисти менструалната чашка со топла вода и сапун. Потоа веднаш е повторно подготвена за употреба.
  • По завршувањето на менструацијата, чашката внимателно се чисти со жешка вода, сапун и четка (како четка за заби или интердентална четка). Потоа треба менструалната чашка да ја зовриете и да ја оставите да се исуши на воздух.
  • Кога сте на пат можете да ја чистите чашката со тоалетна хартија, џебни марамчиња или специјални марамчиња за чистење.

Речиси сите менструални чашки се продаваат спакувани во памучна торбичка што дише. Најдобро е таму да ги чувате.

Совет: Менструалните чашки може да ја променат бојата со текот на времето. Во зовриена вода додадете малку оцет, сода бикарбона или лимонска киселина. На тој начин полесно се раствораат тврдоглавите остатоци.

Спортување со менструална чашка

Спортувањето со менструалната чашка е возможно без ограничувања. Кога чашката е правилно наместена, не ја чувствувате, па можете сосема слободно да се движите. Пливањето со менструална чашка исто така е апсолутно без проблем, бидејќи крварењето се собира во внатрешноста на вагината. За разлика од тампонот, не се гледа ниту врвка.

FAQ

Менструална чашка - колку често да се менува?

Колку често треба да ја менувате чашката за менструација зависи од тоа колку е обилно крварењето: Во првите неколку дена од менструацијата, можеби ќе треба да ја празните чашката два до три пати на ден. Сепак, брзо ќе добиете чувство кога чашката е полна. Најдоцна по осум до дванаесет часа треба чашката да ја извадите и испразните.

Кога менструалната чашка е поставена правилно?

Менструалната чашка правилно е наместена кога се наоѓа во средната третина од вагината. Не треба да биде поставена длабоко како тампон и не директно пред грлото на матката. Ако чашката е правилно поставена, создава вакуум и не можете да ја почувствувате. Доколку сè уште ја чувствувате чашката за менструација откако ќе ја ставите или дури и ви предизвикува болка, таа сè уште не е на вистинското место.

Дали менструалната чашка може да слизне?

Ако чашката е со вистинска големина, нема да слизне. Ако се лизга, тоа може да се должи на слаби мускули на карлицата. Тие особено можат да ослабнат по породувањето. Најдобро би било да започнете со редовен тренинг на карличното дно - или да купите поголема чашка за менструација.

Дали може да се спие со менструалната чашка?

Спиењето со менструалната чашка не претставува проблем. Најдобро е да ја испразните чашката непосредно пред спиење и да бидете сигурни дека е на вистинското место кога ќе ја вметнете. Така во текот на ноќта ништо нема да може да се случи.

  1. INTIMINA

    менструална чашка, 1 парче

  2. INTIMINA

    менструална чашка, 1 парче

  3. INTIMINA

    менструална чашка, 1 парче

  4. INTIMINA

    менструална чашка, 1 парче

  5. INTIMINA

    менструална чашка, 1 парче

Крај на листата