КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Сеопфатен асортиман со повеќе од 13.500 производи. 

Во dm можете да најдете голем избор на производи од сегментите на шминки, нега и убавина, парфеми, додатоци во исхрана и органска храна, производи за бебиња и деца, домаќинство и храна за домашни миленици. 

Make-up

Светот на убавината е широко отворен пред вас. Без разлика дали кармин, руменило, ајлајнер, сенки за очи, коректор или маскара - во асортиманот на шминки ќе ги најдете сите производи што ви се потребни за совршен make-up. Вистинскиот лак за нокти секако не смее да недостасува. Дополнително пронајдете и козметички додатоци како што се четки и сунѓери, како и торби за шминка и козметички додатоци од dm.

Нега и парфеми

Нежна и негувана кожа не е случајност, туку правилна и вистинска нега, која ќе направи кожата да блеска и да сјае. dm ви нуди голем избор на производи за нега: од нега на лице, преку тело, заштита од сонце, па сѐ до производи за депилација и бричење. А дали посебно внимавате на состојките на производите? Тогаш природната сертифицирана dm марка alverde, како и многу други од нашиот асортиман се правиот избор за вас. Секако и мажите не се изоставени во нашата понуда. Со бројни брендови, меѓу кои и dm марките SEINZ. И Balea MEN, ги исполнуваме сите потреби на машката нега, од нега на коса, лице и тело па сѐ до стајлинг и нега на брада и бричење.  
Дали сте во потрага по нов мирис? Заводлив или романтичен, свеж или цветен? Во dm со сигурност ќе можете да ја најдете вашата нова препознатлива мирисна нота.

Нега на коса

Без разлика каков тип на коса имате, во dm ќе најдете огромен избор на производи за нега на коса, фарби, производи за стајлинг, како и четки и додатоци за нега, за сите потреби и желби.

Здравје

Поддржете го вашето тело со различни додатоци во исхрана и одбрани помагала. Пронајдете широк спектар на додатоци во исхрана. Ви нудиме најразлични витамини и минерали, како и производи за кожа, коса и нокти.

Исхрана

Широката нутритивна понуда вклучува органски производи како тестенини, леб, мусли, суво овошје, џемови и супи, но и зачини, напитоци и чаеви. Покрај органската храна, dm има и голем избор на вегански производи и производи без глутен.

Бебиња и деца

Бебето ја прави семејната среќа совршена. Без разлика дали се пелени, нега за бебиња или храна за бебиња – во dm ќе најдете сѐ што ви треба за вашето бебе да се чувствува удобно. dm исто така ве поддржува за време на бременоста со производи за специјална нега и додатоци во исхраната за сите мајките што очекуваат бебе.

Домаќинство

Доколку добиете наплив на емоции да чистите во домот, ние ви стоиме на располагање за да ви ги обезбедиме правите производи - од средства за рачно миење на садови, преку таблети за машина, детергенти, омекнувачи и сѐ останато што ви е потребно за да го спроведете „генералното чистење“ на домот. Производи како џебни марамчиња, тоалетна хартија, салфети и кујнски бришачи секако не недостасуваат во нашиот асортиман.

Домашни миленици

Дали го сакате вашиот четириножен пријател и го сакате само најдоброто за него? Тогаш обратете се на правата адреса - во dm! Тука ќе најдете сè за вашето куче или мачка: храна за животни, додатоци за нега и играчки.