Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Заштита од алергиски реакции од сонце!

 

Како посебни серии од dm марката sundance е лансирана медицинската колекција со препарати за сончање наменети за  лица со многу чувствителна кожа и лица склони кон алергии од сонце  sundance Sensitive и Med Ultra Sensitive. Овие производи се медицински тестирании и препорачани од страна на германското здружение за алергии и астма, не содржат конзерванси, ниту пак било какви вештачки фарби и мириси.

Наменети се за лица со многу чуствителна кожа, лица заболени од неуродермитис, псоријаза и е наменте за дијабетичари.

Она што ги прави производите посебни е нивниот состав. Со одбрани состојки како Алое и Пантенол, овие производи се препорачуваат за супер-чувствителни типови на кожа, кај кои често се јавуваат и алергиски реакции.


 

 

sundance Sensitive се опишани конкретно за чувствителна кожа, без конзерванси, мириси и фарби, со формула за нега од АЛОЕ и Пантенол.

За насочена заштита на чувствителната кожа од иритации провоцирани од сонце и заштита од изгореници, sundance ја нуди линијата Sensitive за заштита од сонце со 4-кратен AGE CONTROL SUN CARE Комплекс. Оваа линија ја содржи активната субстанца SymHelios ТМ и ефективно ја штити кожата од активно УВ зрачење, сончеви честички, климатски влијанија, индустриски и автомобилски издувни гасови.  Регенеративниот систем на кожата е поттикнат од состојките содржани во овие производи и со тоа се спречува сончево-иницираното стареење на кожата.  24-часовниот комплекс за хидратација на кожата со Витамин Е, Пантенол и АЛОЕ ВЕРА ја штити кожата од сушење. Сите производи се водоотпорни и не содржат бои, мириси и конзерванси.

 

sundance Med Ultra Sensitive  во споредба со нив се разликуваат во тоа што се наменети конкретно за кожа склона кон алергии. Производите од оваа линија се без конзерванси, мириси и фарби, без масти и емулгатори и се препорачуваат за употреба против алергии од сонце и неуродермитис, псоријаза и дијабетес.

Сите производи од sundance Med Ultra Sensitiv се тестирани, одобрени и ПРЕПОРАЧАНИ од Германското здружение за алергии и астма. 

Развиени според најновите научни сознанија, MED продуктите од sundance делуваат ефективно против алергии и осипи од сонце. Специјално одбраните состојки го намалуваат ризикот од сончеви иритации на кожата. Избалансираниот УВА/УВБ заштитен филтерски систем за заштита со микропигмент Ве штити моментално и ефективно од изгореници. Без емулгатори, конзерванси и мириси. Дејството и подносливоста се докажани и потврдени во многу студии. 


 

Во својот асортиман sundance поседува и специјална линија за нега на проблематична кожа за деца sundance Kids MED Ultra Sensitiv.