КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Како да избегнете изгореници.

Под сенка не треба да нанесуваме крем за сончање? Вистина или лага? Прочитајте во продолжение. 

Под сенка не требада нанесуваме крем за сончање? Вистина или лага? Прочитајте во продолжение. 

Дали под сенка сме безбедни од сонцето? Дали потемнета кожа може да се здобие со изгореници? Дали ако повторно се намачкаме ќе ја зголемиме заштитата? Ајде да ги провериме најинтересните летни митови...

МИТ 1: Зацрвенетата кожа ќе потемни следниот ден

„Малку се зацрвенив, ама веќе утре ќе потемнам“...една од најчестите реченици во лето. Но, дали е ова така навистина? Црвенилата се знак за сериозни оштетувања на кожата. За таа самата да се заштити од понатамошни оштетувања, кожата создава одрена доза на пигмент. Но, ова е допрва видливо откако ќе се повлече црвенилото. A, црвенилото само од себе нема да потемни.

МИТ 2: Не ни е потребна заштита под сенка

Сакате а се релаксирате под сенка...под дрво или под чадор? Подобро нанесете крем. Облаците и чадорите не го блокираат целосно УВ зрачењето. Посебно внимавајте кога сте под чадор на плажа бидејќи песокот и водата силно ги рефлектираат сончевите зрачења.

МИТ 3: Во автомобилот сме заштитени од сончевите зрачења

Внимавајте, посебно на подолги патувања на море – прозорите до автомобилот го филтрираат UVB зрачењето. Бидејќи UVA зрачењето е исто така штетно, подобро нанесувајте крем.

МИТ 4: Со солариум ја припремате кожата за сонце

Сакате да потемните уште пред стартот на летото? Решението е солариум. Но, секако ова не нуди никаква заштита од изгореници. А, уште попријатно за кожата е доколку се одлучите за средтва за самопотемнување.

МИТ 5: Повеќекратно нанесување на креми ја зголемува заштитата.

Заштитата нема да се продолжи, ниту да се засили...едноставно ќе се одржи. Вашиот тип на кожа и заштитниот фактор се тие кои одредуваат оклку долго можете да се задржите безбедно на сонце. Тука може да прочитате како да го пресметате тоа. 

МИТ 6: Заштитата на сонце го намалува производството на витамин Д

Витаминот Д не се внесува единствено преку исхраната. Најголемиот дел го произведува самото тело, а за тоа му е потребно сонце. Во сончеви денови потребни ни се околу 10 минути на сонце за да ја задоволиме дневната потреба. Дури и со производи со висок заштитен фактор, зрачењето во лето е доволно интензивно за да го поттикне и задоволи производството на витамин Д.

МИТ 7: Со повисок заштитен фактор нема да потемниме 

Колку повисок заштитниот фактор, толку подобро и подолго ќе биде заштитена вашата кожа од изгореници. Кожата ќе потемни и со повисок заштитен фактор, само потребно е малку повеќе трпение. 

  1. sundance концентрат за самопотемнување, 30 мл

    sundance

    концентрат за самопотемнување, 30 мл

  2. sundance крем за самошпотемнување, 75 мл

    sundance

    крем за самошпотемнување, 75 мл

  3. sundance млеко за сончање, З.Ф. 20, 200 мл

    sundance

    млеко за сончање, З.Ф. 20, 200 мл

  4. sundance Sensitiv флуид за сончање З.Ф. 50, 50 мл

    sundance

    Sensitiv флуид за сончање З.Ф. 50, 50 мл

  5. sundance крем за сончање З.Ф.50, 100 мл

    sundance

    крем за сончање З.Ф.50, 100 мл

  6. sundance Med Ultra Sensitiv  спреј за сончање, З.Ф. 30, 200 мл

    sundance

    Med Ultra Sensitiv спреј за сончање, З.Ф. 30, 200 мл

Крај на листата