
Крај на листата
Denkmit – вашиот сојузник во домаќинството!
Изреволтирани сте од тврдокорните дамки на облеката, нечистотиите на паркетот или бигорот во бањата? Со високо ефикасните формули на производите за перење и чистење од Denkmit, вашиот дом може да блеска и сјае без никакви грижи. Denkmit e симбол за високо ефикасни средства за нега на вашиот дом и вашите алишта.
Широк спектар на производи
Denkmit е сопствена марка на dm што си постави задача да им обезбеди на купувачите широк спектар на средства за чистење, кои ја прават негата на домот брза, лесна и пред сè, темелна.
Палетата на производи е широка и ориентирана кон потребите на купувачите. Започнува со чистење и нега на алишта и се протега до специјални средства за чистење и освежувачи на воздухот. Континуирано се развива и дополнува со иновативни нови производи.
Асортиманот вклучува голем избор на практични помагала за домаќинство, од отстранување на дамки до средство за чистење на тоалетите и бањата.

Избегнувајте опасности благодарение на горчливата материја- Bitrex
Опасности за деца постојат во секое домаќинство. Една од нив се средствата за чистење и детергентите. Затоа Denkmit - ако е технички можно - во своите производи ја употребува горчливата материја Bitrex.
Ако децата стават детергент во устата, тие ќе го исплукаат веднаш благодарение на горчливиот вкус на Bitrex со што опасноста од труење е сведена на минимум.







