КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
  1. Ein Mädchen, eine ältere Dame und ein älterer Herr vor hellblauen und rosa Hintergrund

    Jessa

    за чувство на сигурност!

Крај на листата

Најважната заштита за жените

Да се чувствувате заштитено и пријатно во секоја ситуација - за тоа понекогаш е потребна дополнителна помош од производи како што се оние од dm марката Jessa. Благодарение на високата удобност при носење, силната моќ на впивање и внимателната обработка на производите за женска хигиена  од Jessa, жените од сите возрасти можат да бидат уверени дека направиле добар избор. Без разлика дали ви се потребни хигиенски влошки, секојдневни влошки или тампони во најразлични големини, во dm ќе го пронајдете соодветниот производ за вас.

Тампони, циклусни влошки и друго - сè за женска хигиена

За таканаречената менструална хигиена или женска хигиена, постојат разни помагала како што се тампони, циклусни влошки или секојдневни влошки. Дали треба да користите циклусни влошки или секојдневни влошки и колку треба да бидат дебели зависи од јачината на менструацијата, како и од времето од денот. Со хигиенските производи од Jessa ќе се чувствувате посебно добро. Откријте висококвалитетни производи за вашата женска хигиена и уживајте во чувството на сигурност со циклусни влошки, секојдневни влошки и тампони, како и производи за интимна хигиена за секој ден. Уверете се во квалитетот на марката Jessa! 

Нашата дневна придружба

Жените се вистински хероини и секојдневно се справуваат со нови предизвици. Чувството на сигурност е од суштинско значење. Значи, добро е ако сте заштитени во секое време: со соодветни производи во чувствителните денови или тампони односно циклусни влошки во вашата чанта за итни случаи.

Класика: Циклусни влошки

Веќе од 1900 година од минатиот век се развиени месечните производи за хигиена и оттогаш постојано се подобруваат. Хигиенската влошка е денес еден од најпопуларните хигиенски производи за жени. За време на менструалниот период хигиенската влошка обезбедува сигурна заштита и е достапна во различни големини. 
Тенките влошки или нормалните влошки обично се доволни за лесно до умерено крварење. При посилно крварење треба сепак да користите подебели влошки односно макси- или ултра-влошки, бидејќи тие се подолги и имаат крилца. Благодарение на апсорбирачкото јадро, тие се особено сигурни.

  1. Jessa nature менструални килоти, 1 пар

    Jessa Skin Comfort циклусни влошки, 16/1

  2. Jessa nature повеќекратна менструална влошка, 1 парче

    Jessa Night Plus ноќни циклусни влошки 20/1

  3. Jessa nature повеќекратна менструална влошка - ноќна, 1 парче

    Jessa nature циклусни влошки со 100% органски памук, 14/1

Крај на листата

Секојдневните влошки се неопходност за многу жени, како тие би се чувствувале пријатно во секојдневниот живот. Па, по употреба на подебелите влошки, може да се користат и потенки влошки или секојдневни влошки.

  1. дневни влошки, црни, 28/1

    Jessa Active Shape секојдневни влошки, 50/1

  2. Classic дневни влошки, 55/1

    Jessa Classic секојдневни влошки, 40/1

  3. MAXI Night – циклусни влошки, 20/1

    Jessa ултра-тенки мирисливи секојдневни влошки, 30/1

  4. лосион за интимна нега, 300 мл

    Jessa String секојдневни влошки, 30/1

Крај на листата

Речиси 90 години тампони! 

Благодарение на патентирањето на еден гинеколог во САД во 1931 година, започна производството на првите тампони кои се појавија во продажба. За жените тоа беше фантастичен изум и значеше големо олеснување: да се оди слободно, да се оди на работа, да се спортува и да се прават други секојдневни работи повеќе не беше проблем дури и за време на менструалниот циклус. 
Денес ретко која жена би се откажала од тампоните. Еднаш месечно, малите помагачи се одлична поддршка и благодарение на различните големини нудат сигурна заштита во различни денови. Важно: за да се избегнат инфекции, менувајте го тампонот редовно и темелно измијте ги рацете пред и потоа.  
Во лесните денови се доволни тампони во мини-големина, додека за нормално крварење погодни се тампоните со нормална големина. За потешко крварење треба да се користат тампони во големина супер или супер плус. За повеќе информации, едноставно прочитајте ги упатствата на амбалажата на тампоните. Таму меѓу другото точно се објаснува како тампонот безбедно да се вметне и колку често треба да се менува.

  1. jessa

    Jessa Normal тампони со апликатор, 16/1

  2. jessa

    Jessa Super Plus тампони, 48/1

  3. jessa

    essa nature Mini тампони со 100% органски памук, 16/1

Крај на листата

Менструални гаќички и повеќекратни влошки

Тука се и менструалните гаќички  и повеќекратните влошки. Гаќичките имаат голема моќ на впивање, може да се перат  и може да се носат во текот на менструацијата или како дополнителна заштита за влошките или тампоните. Додека пак, повеќекратните влошки се составени од 3 слоја кои имаат своја функција – внатрешниот слој обезбедува дишење, средниот слој овозможува совршена апсорпција, а надворешниот слој е направен од органски памук и е особено нежен за кожата и удобен. Овие влошки може исто така да се перат, лесно се одржуваат и се практични. 

  1. jessa

    Jessa менструални гаќички, 1 пар

  2. jessa

    Jessa менструални гаќички со тантела, 1 пар

  3. jessa

    Jessa повеќекратна менструална влошка, 1 парче

Крај на листата

Интимна нега за попријатно чувство

За чисто и пријатно чувство во интимното подрачје, Jessa нуди марамчиња за нега и интимни лосиони за миење. Интимната нега на Jessa е прилагодена на природната pH вредност во интимната зона. Благодарение на екстрактот од камилица, интимната зона се смирува и негува. Содржаните млечни киселини го стабилизираат природниот баланс на интимната зона. Кога постојано користите влошки или гаќички, редовната интимна хигиена со лосиони за миење е важна за да се одржи интимната област чиста, негувана и опуштена. Добрата вест е тоа што, дури и кога одите на пат – Jessa може да биде со вас бидејќи се достапни патни пакувања. И уште еден сопатник во летните авантури нека ви бидат и Jessa еднократните кесички во кои може да ги соберете влошките, тампоните или останати хигиенски производи! 

Менструалните циклуси не смеат да нè ограничуваат во секојдневието! Уживајте секој ден во новата хигиенска чистота и заштита. Имајте доверба во сигурната женска хигиена и дискретна интимна хигиена од Jessa и чувствувајте се деноноќно пријатно во вашето тело. 

  1. jessa

    Jessa лосион за интимна хигиена со камилица, 300 мл

  2. jessa

    Jessa Sensitiv лосион за интимна хигиена со алое вера, 50 мл

  3. jessa

    Jessa влажни марамчиња за интимна хигиена со камилица, 20/1

  4. jessa

    Jessa кесички за менструални производи, 50/1

Крај на листата

Крај на листата