КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
  1. Sanft&Sicher

    Највисок квалитет и удобност

Крај на листата

Sanft & Sicher Logo

Sanft&Sicher за секој ден 

Брендот Sanft&Sicher произведува пријатни, ултра-меки и, пред сè, хигиенски производи отпорни на кинење за вашите дневни потреби. Откријте високо квалитетна тоалетна хартија и уживајте во чистото и нежно чувство.

При изборот на тоалетна хартија и други средства за хигиена, никогаш не можете да обрнете доволно внимание на тоа дали производот е мек и екстра апсорбирачки како и на тоа дали на кожата остава добро негувано чувство. Пријатниот мирис исто така придонесува за тоа, тоалетната хартија потполно и целосно да ги задоволи вашите потреби! 
Sanft&Sicher, како бренд со широк спектар на производи, ви нуди вистинско решение за секоја потреба. На пример како двослојна, трoслојна, четирислојна, па дури и петслојна тоалетна хартија во ролна, или во форма на влажни тоалетни марамчиња. 
 

Sanft&Sicher производи

  1. Sanft&Sicher Recycling тоалетна хартија, 3-слојна, 8/1

    Sanft&Sicher влажна тоалетна хартија, 70/1

  2. Sanft&Sicher  тоалетна хартија, 5-слојна, 2/1

    Sanft&Sicher тоалетна хартија, 5-слојна, 8/1

  3. Sanft&Sicher  влажна тоалетна хартија, 50/1

    Sanft&Sicher тоалетна хартија, 3-слојна, 8/ 1

Крај на листата

Тежок избор

Со тоалетната хартија од Sanft&Sicher сте во секој случај добро опремени. Единствената пречка е, поради големиот и разновиден избор да се одлучите за еден вид! Откријте ги различните видови на тоалетната хартија, како што е тоалетната хартија со 5 слоја, која е совршено мека за вашата кожа и ви дава негувано чувство. Благодарение на нејзината структура има дополнителна јачина и е особено нежна за кожата. А дали веќе ја знаете тоалетната хартија направена од рециклирана хартија? Таа е мека, отпорна на кинење и чисти безбедно и сигурно. Направете и вие важен придонес за поголема одржливост, така што ќе набавите тоалетна хартија без додаток на избелувачи и оптички осветлувачи.
Покрај одличните дизајни, и специјалните изданија содржат и висок процент на рециклиран материјал. 
 

Луксузни и негувани

За многумина, влажната тоалетна хартија е попријатна алтернатива на конвенционалната понуда за тоалетна хартија, односно влажната тоалетна хартија често се користи како додаток на сувата тоалетна хартија.   

Влажната тоалетна хартија од Sanft&Sicher е достапна во практична големина на патување со мазна површина и е пред сѐ погодна за чувствителна кожа. Формулата со екстракт од кашмир ви дава чисто и нежно чувство за време на и по употребата. Благодарение на биоразградливите VEOCEL™ влакна, вие исто така правите нешто добро за околината. Влакната комбинираат безбедност, удобност и одржливост. Влажната тоалетна хартија е идеален хигиенски производ за секојдневни потреби.

Хигиена во секој детал

Со различните Sanft&Sicher производи во асортиманот на dm, можете да ја организирате вашата хигиена онака како што сакате и дополнително еколошки да придонесувате. 
За совршено пријатна атмосфера во тоалетот, не ви треба само соодветен вид на сува и влажна тоалетна хартија, туку и решение за непријатните мириси. Кој метод го преферирате за неутрализирање на мирисот и обезбедување на чист амбиент?  Освежувач на воздух кој ја неутрализира миризбата и спрејовите за тоалети или пријатно миризливите свеќи кои се исто така достапни во dm. На тој начин ќе обезбедите комплетно совршено чувство на хигиена и без прозорец во тоалетот.  
 

Нашите dm марки

Крај на листата