КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Saugstark&Sicher -кујнски ролни за вашиот дом

Со производите од Saugstark&Sicher, можете да обезбедите висококвалитетни ролни за кујна, и, како што сугерира името, силно апсорбирачки кујнски ролни во различни дизајни. Откријте го изборот во dm и опремете го вашето домаќинство со кујнска хартија! 

Околу хартиената крпа за садови 

Добро познато сценарио: Се брзате бидејќи сакате да ја напуштите куќата или станот, и тогаш се случува - случајно истурате чаша со вода и поради тоа задоцнувате! Колку пати во животот нешто сте истуриле или сте се измачкале со нешто? 

Нели секојпат веднаш посегнувавте по кујнските ролни? Благодарение на изумот на кујнски бришачи за еднократна употреба! Тие ни помагаат во домаќинството и секогаш можеме да се потпреме на нив кога станува збор за чистотата во кујната. Практичната кујнска ролна од dm марката Saugstark&Sicher моментално ги елиминира сите незгоди. 

Saugstark&Sicher Производи

Кујнската ролна е направена од хартиена ткаенина, која исто така се користи за производство на салфетки и тоалетна хартија, бидејќи е особено отпорна на кинење и со голема апсорбирачка моќ. Овој материјал за прв пат беше произведен од Вилијам Корбин во одделот за истражување и развој на фирмата Браун во Њу Хемпшир. Масовното производство на хартиената ткаенина започна во 1922 година. Во тоа време тоа бил многу модерен изум! Оттогаш, производот беше дополнително развиен и пуштен на пазарот преку бројни ланци на супермаркети и аптеки. Во меѓувреме, стана тешко да се замислат рафтовите и домаќинствата без практичните марамчиња за домаќинство.

  1. Recycling кујнски бришачи, 3-слојни, 8/1

    Saugstark&Sicher кујнски бришач, 1 парче

  2. кујнски бришачи, 3-слојни, 3/1

    Saugstark&Sicher кујнски бришачи, 4/1

  3. кујнски бришачи, 3-слојни, 3/1

    Saugstark&Sicher кујнски бришачи, 2/1

Крај на листата

Марка со голема апсорбирачка моќ!

Сопствената марка Saugstark&Sicher од dm веќе си го најде својот пат до срцата на купувачите преку разновидната понуда. Без разлика дали се работи за крпа за бришење, крпа за садови или сува крпа за во кујната, или како хигиенска хартија во бањата - Saugstark&Sicher нема да ве изневери. Флеките од огледалото може да се исчистат исто толку добро како и извалканиот кујнски шанк. Особено во детската соба е погодна крпата за итни случаи за мали и големи незгоди. Пронајдете ја вашата идеална кујнска крпа од Saugstark&Sicher!

Saugstark&Sicher се залага за непобедлив квалитет

Како класична верзија, Saugstark&Sicher има 3 слоја и има разновидна примена. Чистење, вшмукување или сушење - изборот е ваш! За оние со уште поголема свесност за животната средина, соодветни за во домаќинството се рециклирачките кујнски крпи направени од 100% рециклирани влакна. Специјалната врежана структура гарантира дека кујнската хартија ќе биде особено апсорбирачка и отпорна на кинење. Без избелувачи со хлор и оптички осветлувачи!  

Дали сакате убави модели што предизвикуваат желба за чистење дури и кај најмалите? Тогаш пронајдете ги најубавите дизајни на трислојната хартија од Saugstark&Sicher. Кујнските крпи со обемна структура на хартија се особено робусни и со голема апсорбирачка моќ - тие можат да апсорбираат до 30 г масло по лист! Тоа може да значи и до 250 kcal по оброк. Освен тоа, со структурата која наликува на текстил, кујнските марамчиња го прават искуството од бришењето уште попрепорачливо. 

Час по занаетчиство со кујнската ролна

Дали веќе знаевте, дека кујнската ролна може да се користи за повеќе работи отколку само во домаќинството? Меѓу другото, таа е исто така многу погодна за правење ракотворби! Како да го направите тоа? Најдобро е како подлога да користите лист од весник или картон, за да нешто не би тргнало наопаку. Занаетчиската забава веќе може да започне! Започнете така што ќе надувате еден балон. Потоа на него ставете еден лист од кујнската ролна и со четка нанесете лепак преку него. Повторете го овој процес додека не исчезне целиот балон под слоевите на кујнската ролна и оставете да се исуши. Откако материјалот ќе се исуши, можете да го насликате по желба, потоа оставете го повторно да се исуши, а потоа дупнете го балонот. Voilà - толку брзо можете да направите своја скулптура од хартија!