КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
dmBio Logo

dmBio - Разновидна и богата oрганска храна

Органска храна на дофат на раката: Поздрава исхрана по супер цени! 
Секој од нас секојдневно размислува за здравјето, но и за нашата врска со природата. Многумина од нас ја искористија можноста да се вратат на сопствените приоритети, a еден таков е и грижата за своето здравје преку исхраната. Нашата врска со природата во голема мера се рефлектира преку органска храна која ја внесуваме во организмот.  
 
Со повеќе од 500 производи од сегментот на органска храна, од кои повеќе од 400 ѝ припаѓаат на нашата сопствена марка на dm,  dmBio, ви ја нудиме најширокатапонуда во сегментот на органска исхрана во земјава. Висококвалитетните производи за исхрана, кои патем се изработени без употреба на вештачки ароми, бои и конзерванси, изобилуваат со широк спектар на вкусови, кои се автентични, благодарение токму на органското и контролирано производството. 

dmBio - Органски квалитет по супер цени!

Под мотото „Органски квалитет по супер цени“ ви нудиме најголем избор на висококвалитетни сертифицирани органски dmBio производи, кои се произведени по најстрогите стандарди за органско производство. Состојките на секој производ се внимателно одбрани сѐ со цел да се зачува квалитетот и оригиналниот вкус. Тука можете да се информирате повеќе околу разновидниот асортиман на dmBio.
Големиот број и разновидност на производите од dm марката dmBio ви овозможува лесно да го испланирате секој оброк во текот на денот. Играјте со вкусови, бои, задоволете го вашето чувство за вкус со различни групи dmBio производи наменети за органска исхрана, како и вегетаријанци, вегани и луѓе со различни видови на нетолеранција на храна.

Од каде доаѓаат производите на брендот dmBio?

Органскиот асортиман на dmBio има повеќе од 400 органски производи. Пред околу 30 години, dm беше еден од првите трговци на мало во Австрија што понуди органска храна. Оттогаш, dm продолжи, насекаде во Европа, да поставува нови стандарди за асортиман ориентиран на животната средина и здравјето.

Асортиманот за органска исхрана на брендот dmBio доаѓа од контролирано органско производство. Редовните проверки на состојките, но и процесот на производство, гарантираат постојано висок квалитет на производите на dmBio. Резултат: dm нуди висококвалитетна органска храна за свесна и совесна исхрана на потрошувачите. dm исто така го поддржува и промовира органското земјоделство. 

За нашите кулинарски ентузијасти и оние кои водат сметка за совесна исхрана

Сѐ повеќе обрнуваме внимание на правилната исхрана, како за деца, така и за возрасни. Често ја слушаме и изреката „Ние сме, она што го јадеме“. Доколку сакате да погледнете интересни вегански и органски рецепти, тука можете да најдете наши предлози, кои можат да ги заменат вашите секојдневни оброци. Пробајте да зготвите неколку лесни и брзи рецепти со нашите совети и производи од dmBio.

  1. dmBio напиток од соја со ванила, 1 л

    dmBio напиток од соја со ванила, 1 л

  2. dmBio сируп од агаве, 250 мл

    dmBio сируп од агаве, 250 мл

  3. dmBio чиа семе, 300 г

    dmBio чиа семе, 300 г

  4. dmBio кокосово млеко, 400 мл

    dmBio кокосово млеко, 400 мл

  5. dmBio овесни снегулки без глутен, 500 г

    dmBio овесни снегулки без глутен, 500 г

  6. dmBio намаз со кари, папаја и манго, 200 г

    dmBio намаз од шумско овошје, 340 г

  7. dmBio палента, 500 г

    dmBio палента, 500 г

Крај на листата

    Крај на листата

    Кои производи може да се најдат во асортиманот на dmBio? 

    Природен вкус, без непотребни адитиви, одржливо производство: тоа е она за што се залага dmBio! Во асортиманот може да се најдат следниве групи на производи:  

    Закуски и ужини:

    Без разлика дали се овошни, слатки, солени или зачинети, од dmBio постојат бројни закуски во сите вкусови. Овие вклучуваат вкусни производи од овошни пулпи направени од органско овошје, кои се погодни за сите возрасти. Многу вкусни намази и паштети може да се најдат во овој асортиман. Вафли од ориз, пченка, крупник и амарант спаѓаат во особено некалоричните групи на закуски. Штанглиците од dmBio се идеални за по пат – со состојки како овошје, супер храна или ореви, кои ја обезбедуваат потребната енергијата во текот на денот.  

    Чоколади:

    Белото чоколадо, темното чоколадо или млечното чоколадо ги прават среќни сите љубители на чоколадата. 

    dmBio за бебиња:

    Овошје, житарки, зеленчук, месо: dmBio комплементарната храна обезбедува вистинска разновидност! Суровините подлежат на уште построги контроли од оние на органските регулативи на ЕУ. Сите рецепти се прават без дополнителни додатоци како што се шеќер, сол и ароми. Покрај тоа, не се користат концентрати на овошен сок што значи дека овошните теглички содржат 100% чисто органско овошје 

    Житарки од dmBio: 

    Меѓу многуте видови житни култури, кои се основна состојка во секоја кујна, dmBio вклучува булгур, кус-кус, киноа и амарант. Житарките и житните култури придонесуваат за одлично балансиран оброк.  

    Печење и готвење:

    Во врска со состојките за готвење, во асортиманот на dmBio можете да го најдете токму она што го барате - брашно, масла, ореви или семки.

    Со различните варијации на тестенини и сосови од dmBio можете лесно и брзо да измислите вкусен топол оброк!

    Напитоци и чаеви:

    dmBio исто така нуди и разни напитоци како што се сок од јаболко и грозје, како и напитоци од овес, ориз или кокос, кои можат да се користат како замена за млеко во житарните оброци.

    Чаевите нудат целосно уживање и поддршка за свесен животен стил, не само во зима, туку во текот на целата година.

    Патем: Производите без лактоза или глутен се означени соодветно. Со dmBio производите лесно е да се измислат вкусни вегетаријански јадења и вегански рецепти!