
Крај на листата
Среќата на моето бебе е бесценета. Затоа избирам babylove!
Добредојдовте на светот! dm марката babylove е целосно насочена кон желбите и потребите на најмалите и нивните родители. Од исхрана до нега, или пак додека се играат и го откриваат светот: Висококвалитетните, внимателно тестирани состојки гарантираат највисок квалитет – квалитет на кој можете да му верувате.
Повеќе од 20 години нашата сопствена марка за нега на бебиња babylove ги воодушевува младите родители и нивните бебиња. Дали станува збор за исхрана, нега, додатоци или пелени – babylove, благодарение на висококвалитетните и внимателно одбрани суровини, рецептури и состојки, ги исполнува посебните потреби на бебињата и родителите.
babylove производи - за добар почеток во животот
Раѓањето на детето е едно од најубавите искуства и во исто време еден од најголемите животни предизвици: со првите искуства на родителството доаѓа чувството на преоптоварување, но дури и оние кои припаѓаат на групата искусни родители често се соочуваат со нови задачи и испити во животната школа за родителство. Потребна ви е сигурна поддршка, а тука мислиме на производите на babylove од dm: со својата широка палета, оваа dm марка со германски квалитет ќе биде силна поддршка во надминувањето на новата фаза од животот - и за родителите и за бебето.
Безбедно повиени
Малите сега можат да се движат безбедно со пелените од babylove: Големините на пелените од Midi до XXL, на пример, имаат посебна заштита од протекување на задниот дел, како и јадро со двојна апсорбирачка моќ за екстра сува кожа и поголема безбедност во текот на денот и ноќта. Пелените се потенки, а тоа ги прави погодни за поголема слобода на движење. Многу пелени од babylove користат целулоза од FSC®-сертифицирани и други контролирани извори. Во асортиманот на babylove достапни се и пелените babylove nature, кои содржат природни и обновливи материјали.
Пелени
Прва нега за бебиња
Било да е тоа купка, крем или лосион - нежните производи за нега од babylove не содржат бои или конзерванси. Тие се создадени без состојки засновани на минерални масла и без состојки од животинско потекло, со исклучок на пчелин восок. babylove исто така ги исполнува и посебните барања на чувствителната бебешка кожа: За чувствителна кожа и кожа склона кон алергии создадена е линијата Ultra Sensitive, која е тестирана и препорачана од германското здружение за алергии и астма.
Нега на бебиња
Храна за бебиња
За кој и да се одлучите од вкусните производи од babylove, можете да бидете сигурни дека се користени одбрани состојки од контролирано органско производство и земјоделство. Сите производи, како кашички, оброци со овошје и зеленчук, како и различни закуски, се прилагодени на возраста на најмалите, а додатоците како чаеви и сокови само ја комплетираат сеопфатната асортиманска понуда.
Исхрана
Mama производи од babylove
За време на бременоста и по раѓањето, на телото му треба посебно внимание. Не само што кожата на идните мајки е под стрес, туку и целото тело треба да биде снабдено со бројни хранливи материи. Добро е што babylove има висококвалитетни производи за секоја мајка во својата палета на производи.
babylove Mama
Опрема од babylove
Колку и да е разновиден секојдневниот живот со бебиња и мали деца, нашата опрема за babylove е исто толку разновидна. Практични предмети со комбинација на дизајн и функционалност, за долготрајна употреба. За нас, почитувањето на строгите упатства за квалитет, вклучително и усогласеноста со највисоките важечки безбедносни стандарди, се подразбира.



