
Крај на листата
Млада и тренди… s-he color & style!
Млада, тренди, достапна и висококвалитетна- тоа е s-he. Големиот избор на производи во најактуелни бои со свеж изглед го прават s-he color & style и s-he stylecollection една од најпопуларните марки за декоративна козметика.
За неодоливи погледи
Eyecatcher – го баравте, а сега го пронајдовте: make-up производите од s-he color & style ќе ги истакнат вашите очи на еден посебен начин. Изгледајте професионално нашминкани, благодарение на одмерените нијанси на палетни сенки или Quattro сенки за очи. Постигнете силно акцентирани хајлајти со течниот ајлајнер, Kohl Kajal или smokey eyes.
Дури и најтенките и кратки трепки ќе добијат на волумен и раскош со s-he маскарите. Но, не ги заборавајте и веѓите...гел, молив или водоотпорен сет за веѓи ќе придонесат за перфектен make-up изглед.

Перфектниот Look започнува со основата
Совршен тен е основа на секој изглед. Кога ги покривате проблематичните области, s-he color & style ви нуди поддршка со посебни коректори. Лесните текстури за шминка совршено се прилагодуваат на вашата кожа и ви даваат свилен финиш. За крај, компактната пудра во прав се користи за да го фиксирате вашиот изглед. Ако сакате, можете да користите малку руменило или хајлајтер за уште посвеж изглед.
Заводливите усни се на потег
Совршени kiss-lips или природен сјај на усните - -he color & style ви ги нуди вистинските производи за секоја ситуација. Свилено-лесните текстури на кармините од s-he се нанесуваат едноставно и обезбедуваат неверојатна долготрајност. Благодарение на колоритните lipliner-и ќе успеете да создадете апсолутно перфектна контура со гарантиран WOW-ефект. Во широката палета на бои можете да изберете помеѓу природни Nude, па сѐ до бордо црвени нијанси. Балсамите и кремите за усни од s-he ќе ви обезбедат перфекнти нијаси, но и супер нега за вашите усни, а за онаа екстра-порција волумен, тука се сјаевите за усни.
Совршен маникир и нега за вашите нокти
Ниеден Look не е комплетен без вистинскиот лак за нокти. Со широкиот избор на лакови од s-he сега имате слатки маки: тренди мат нијанса, сјајни металик бои, nude тонови или со светкави ефекти. Брзо се сушат и се неверојанто долготрајни. Креативните дизајни на нокти сега се навистина лесно остварливи со овие лакови.
Додатоци за шминка
Неодоливиот изглед бара вистинска поддршка. Четка за шминка, козметички острилки за молив се дел од основната опрема за убавина. Дали сонувате за убави, обемни трепки? Пробајте ги трепките во боја. А што велите за совршени нокти? Секако и за тоа ги имаме совршените додатоци.
Целосeн програм за убавина и стајлинг
Асортиманот на s-he нуди сѐ она што го посакува срцето на жената: Производи за беспрекорен тен, сјајни и истакнати очи, долги трепки, полни усни и нокти, со интензивна боја, како и додатоци за сѐ она што се нарекува модерни нокти.
Покрај тоа, s-he нуди и додатоци за модерен изглед од s-he stylecollection за сечиј вкус, од ѓердани преку обетки до додатоци за коса. И сѐ тоа по супер достапни цени. Не ви требаат повеќе за совршен стил!
Квалитет - да, ве молам!!
Врвниот make-up артист Sergej Benedetter работи со производите од s-he color & style и е ентузијаст за тоа. Она што тој особено го цени за марката е единствениот однос цена-квалитет: „Тука s-he дефинитивно може да биде во чекор со глобалните брендови“.
Тестирање на животни - не благодарам!
Ветувањето за брендот исто така вклучува дека сите производи се произведени без да бидат тестирани на животни, бидејќи сите живи суштества треба да се третираат со почит. Така, можете да ги користите сите s-he производи со чиста совест!