КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
ebelin Logo

ebelin: Сигурен помошник кога станува збор за убавина

ebelin нуди голем избор на производи за убавина. Без разлика што ќе посакате - додатоци за коса, прибор за шминка како што се четки, сунѓерчиња и слично, или производи за нега на лице и тело - ebelin го има. Дозволете си да бидете инспирирани од креативниот изглед и да блеснете со производите од ebelin. 

Постојат некои неопходни нешта, кои за многу луѓе имаат специјално место во нивниот несесер. Ова особено се однесува на козметиката. Од 1994 година, со ebelin dm понуди бренд кој стана поим кај љубителите на убавината ширум Европа. Иако на почетокот имаше само мал, фин избор, dm сега ви нуди широк асортиман на практични мали помошници. 

Создадете совршено стилизирана коса: додатоци за коса од ebelin

Без разлика дали е коса до половината, боб или пикси фризура, вашата коса е вашиот заштитен знак. Фризурата е начин на изразување на сопствената личност. А за да се осигурате дека таа ќе остане таква, секако ќе ви требаат и соодветни додатоци за стајлинг. ebelin нуди широк спектар на додатоци за коса, како четки, чешли, еластични траки за коса, шноли, траки за коса и многу повеќе. Благодарение на широкиот избор на производи, ќе нема ограничување на вашата фантазија. Сеедно дали станува збор за едноставна „коњско репче“, строга пунџа или софистицирана пин-ап фризура, со додатоците за коса од ebelin можете во моментот да ја измислите посакуваната фризура.

Апсолутно измамува погледи: накит и додатоци од ebelin

„Дијамантите се најдобриот пријател на жената" пееше Мерилин Монро во филмот „Мажите претпочитаат русокоси“. Сепак, тоа не мора по секоја цена да биде скап накит со дијаманти за да привлече восхитувачки погледи. Жената знае: надворешниот изглед е комплетиран дури со соодветното парче накит или додаток. Затоа ebelin нуди избор на стилски накит и додатоци. Во dm ќе најдете алки, накит за коса, приврезоци за клучеви, ѓердани, обетки и многу повеќе. Тие пред сѐ импресионираат со нивниот елегантен и модерен дизајн, со кој се гарантира стилскиот изглед. 

Прибор за шминка и производи за стилизирање

Без разлика дали сакате дискретно да ја потенцирате вашата природна убавина или сакате да се дотерате: шминката е одлична техника за одново да се пронајдете секој ден - во зависност од тоа како се чувствувате. Вашето лице е платно, а козметичката четка е средство со кое можете да ѝ дозволите на вашата креативност слободно да работи. ebelin нуди избор од широк спектар на прибор за шминкање, како што се четки, блендери за убавина или алатки за виткање на трепките. Со овој прибор можете многу лесно да ја нанесете вашата шминка, од подлога до маскара. За да и вашите раце и нокти секогаш бидат добро негувани, од ebelin исто така имаме и сѐ што ви е потребно за маникир. Така, повеќе ништо нема да ви стои на патот до совршено обликувани нокти.

2019_02_ebelin Pinsel_1366x521

Beauty-експерти со ebelin: откријте ги додатоците за шминкање од оваа dm марка.

Не само за отстранување на шминка: производи за нега на кожата од ebelin

Вашата кожа е огледало на вашата благосостојба. Покрај тоа, таа секојдневно е изложена на различни влијанија од околината и мора многу да трпи. Затоа, таа без сомнение ја заслужува најдобрата грижа. И без разлика дали навечер по отстранување на шминката, при капењето или за дневната утринска рутина, неопходни се производи за нега со висок квалитет. ebelin нуди голем избор на производи кои гарантираат нежно и темелно чистење на кожата на лицето. Со памучни туфери, козметички марамчиња, нараквици, памучни стапчиња и разни сунѓери, секојдневната рутина на чистење станува вистинска велнес програма.   
Како што не се чувствуваме исто секој ден, така не секогаш сакаме да изгледаме исто. Еден ден дива, а веќе следниот rock girl? Без разлика во која улога сакате да се најдете, ebelin го прави тоа возможно. 


Издвојуваме за вас

  1. ebelin памучми туфери, 70/1

    ebelin памучми туфери, 70/1

  2. ebelin сунѓерче за шминка, 1 парче

    ebelin сунѓерче за шминка, 1 парче

  3. ebelin гуа-ша камен за масажа со розев кварц, 1 парче

    ebelin гуа-ша камен за масажа со розев кварц, 1 парче

  4. ebelin четка за руменило, 1 парче

    ebelin четка за руменило, 1 парче

  5. ebelin отстранувач на лак за нокти, 125 мл

    ebelin отстранувач на лак за нокти, 125 мл

  6. ebelin сунѓер за туширање, 1 парче

    ebelin сунѓер за туширање, 1 парче

  7. ebelin четка за масажа на скалпот, 1 парче

    ebelin четка за масажа на скалпот, 1 парче

  8. ebelin четка за полесно расчешлување, 1 парче

    ebelin четка за полесно расчешлување, 1 парче

  9. ebelin чешел за тапирање, 1 парче

    ebelin чешел за тапирање, 1 парче

Крај на листата

Нашите dm марки

Крај на листата