
Совети за оштетена коса
Повеќе љубов кон вашата коса! На оштетената коса ѝ е потребно посебно внимание. Од правилното сушење на косата до стајлингот, многу може да се направи со вистинските производи. Вака новите „долгокоси девојки“ се борат со оштетените краеви и кршливата коса.

Langhaarmädchen Производи
Како да ја препознаете оштетената коса?
Оштетената коса е кршлива, порозна и не сјае. Нејзините врвови брзо се плеткаат и се разделуваат. Ако не сте сигурни дали имате оштетена коса, можете да откриете со брз тест: Земете влакно од косата помеѓу палецот и показалецот и нежно потегнете од врвот на влакното кон темето. Ако чусвтвото е особено грубо и тапо, големи се шансите косата да ви биде оштетена.
Како настанува оштетена и кршлива коса?
Причините можат да бидат многу разновидни: чести причини за ова се надворешни влијанија како топлина и сонце во лето, или пак студ и ладен воздух во зима. Дополнително, постојано носење на капи или марами придонесуваат за оштетување на косата. Честопати и самите ние сме виновни за оштетувањата. Редовно фарбање, пеглање или употреба на погрешни производи, во многу случаи се главните виновници за оштетената коса.
Правилно миење и сушење на косата
Можеби звучи банално, но не е: само миењето на косата може да направи разлика. Оштетената коса сака блага, нежна и богата грижа. Специјалните шампони за репарирање помагаат косата да се опорави. Најдобро е да се користи и балсам за коса после шампонот. Ја запечатува кутикулата и ја штити косата од надворешни влијанија.
Пред сè, треба да внимавате на хранливи состојки во производите за нега на коса.
Производите од LANGHAARMÄDCHEN INTENSE REPAIR ја негуваат косата темелно благодарение на кокосовото масло и маслото од бурити, како и дополнителните негувателни состојки.
Сушењето на косата знае да биде проблем
Избегнувајте да ја сушите косата со триење со крпа. Подобро истапкајте ја внимателно со крпа, замотајте ја и почекајте неколку минути. За оштетена коса советуваме, одреден период да се откажете од фенот. А доколку морате да го употребите, подесете го да дува на ладно, за да избегнете дополнителни оштетувања од топлина...или користете производи за заштита од топлина.
Кои се „Langhaarmädchen“?
Двете стилистки за коса и шминка, Јулија и Мона ја преточија својата фасцинираност со косата, заедно со нивниот речиси експертски Know-how и многу љубов, во новата ексклузивна марка - LANGHAARMÄDCHEN! Нивната цел: инспирирање на сите долгокоси девојчиња, со помош на нивните производи и супер трикови за стајлинг, да го извлечат најдоброто од себе и од своите коси! dm заедно со нив ги разви производите за нега на коса, кои се достапни ЕКСКЛУЗИВНО на нашите полици.










































