КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Balea Logo
  1. Lachende Frau mit Blick nach unten auf blauem Hintergrund

    Balea: негувани од глава до пети

Крај на листата

Balea: производи за нега и хигиена со висок квалитет по поволни цени

Balea е една од најпопуларните dm марки и нуди висококвалитетни производи за нега на косата и кожата. Од шампон и балсам, нега и миење на лице, па сѐ до гелови за туширање и лосиони за тело. Уверете се во врвниот квалитет на производите од Balea. 

Ослободете ги порите на лицето со Balea 

Вашата кожа на лицето е особено чувствителна и има потреба од висококвалитетна нега која е прилагодена на вашите потреби? Со Balea секогаш ќе бидете добро згрижени. Од сува до комбинирана кожа, постојат различни средства за миење, дневни и ноќни креми и многу други производи за нега на вашето лице. Без разлика дали сакате да се ослободите од несаканите акни и митесери или да ги ублажите малите брчки, тука е вистинскиот производ од Balea за секој тип на кожа и за сите проблеми. Balea обезбедува корисни основи за темелно миење на лицето како пилинзи и гелови за миење. Исто така, можете да најдете и хидратантни средства, како и висококвалитетни серуми или траки за секојдневно разгалување на кожата. 

Од овошни до билни: геловите за туширање Balea обезбедуваат секогаш супер освежување 

Не постои начин да избегнеме некои производи за нега и хигиена. На пример, каков би бил дневниот туш без гел за туширање? За многумина, утринскиот туш е фиксен ритуал, во кој гелот за туширање овозможува едно посебно освежување. Но, дури и навечер или после вежбање, геловите за туширање од Balea му даваат на вашето тело чувство на нова виталност. Покрај ефектот за чистење и негување, мирисот е секако клучен фактор во изборот. Дали сакате кога аромата на гелот за туширање предизвикува празнични чувства? Или предност имаат цветни ароми како роза или ванила? Balea го има вистинскиот производ за сечиј вкус. 

За сјајна и блескава коса: со Balea  

Без разлика дали е кратка или долга, без разлика дали е кадрава или права, бринета или руса: Здравата и сјајна коса е важна за сите нас. И асортиманот на производи за нега на коса е толку разновиден како структурата и боите на нашите коси. Големиот асортиман на производи од Balea исто така вклучува неколку линии за нега за сите барања и потреби на косата. Од шампон, преку балсам, па до маска за коса, Balea ви нуди голем избор на производи кои на различни начини ќе ја разгалат вашата коса.  

Што очекувате од негата на коса? Дали сакате да ја поправите оштетената коса? Дали вашата коса има тенденција на сушење? Дали барате шампон кој ја хидрира косата? Или сакате да го спречите мастењето на вашиот скалп? Без разлика какви се вашите очекувања, во нашиот асортиман секогаш ќе го најдете тоа што ќе одговара на вашите потреби за нега. 

Од дезодоранс до лосион за тело: нега на тело од Balea 

Нашето тело е нашиот храм и затоа заслужува најдобра грижа. За разлика од кожата на лицето, кожата на остатокот од нашето тело е нешто подебела и затоа бара посебна нега. Како топол совет, можеме да ви препорачаме лосиони за тело на Balea. Лосионите обезбедуваат хидратација на кожата и се грижат таа да биде кадифено мека. Покрај тоа, dm исто така нуди лосиони кои пружаат и други придобивки, покрај нивните хранливи својства. На пример, во нашиот асортиман има разни лосиони за тело со ефект на затегнување на кожата. 

Дезодорансот е дел од основната опрема за лична нега, особено во жешките летни денови. И тука, исто така, асортиманот е исто толку разновиден како различните потреби на нашите купувачи. Без разлика дали преферирате спрееви, ролери или кристали - Balea нуди дезодоранси во сите можни форми. Производите нудат ново чувство и заштита од непријатните миризби во текот на целиот ден. 

  1. Balea мицеларна вода за чистење лице, 400 мл

    Balea мицеларна вода за чистење лице, 400 мл

  2. Balea масло за чистење лице, 100 мл

    Balea масло за чистење лице, 100 мл

  3. Balea гел за миење лице, 150 мл

    Balea гел за миење лице, 150 мл

  4. Balea Q10 дневен крем за лице со З.Ф. 15,  50 мл

    Balea Q10 дневен крем за лице со З.Ф. 15, 50 мл

  5. Balea шампон за коса, 300 мл

    Balea шампон за коса, 300 мл

  6. Balea регенератор за коса, 300 мл

    Balea регенератор за коса, 300 мл

  7. Balea гел за туширање, 300 мл

    Balea гел за туширање, 300 мл

  8. Balea дезодоранс, 200 мл

    Balea дезодоранс, 200 мл

Крај на листата