
Производи за домаќинство кои мора да ги имате: Profissimo од dm
Profissimo е семоќен кога станува збор за домаќинството и декорирањето . Помагалата за домаќинство, како сунѓери, четки, кеси за ѓубре, како и украсите, како што се балони, свеќи и хартија за виткање, се само дел од разновидната понуда на производи на Profissimo. Откријте го самите нивниот широк асортиман во нашите дрогерии!
Home sweet home... За да се чувствувате пријатно помеѓу вашите четири sида, потребно е повеќе отколку знак на кого пишува „Доме, сладок доме“ на влезната врата. Дома треба да биде местото кое го уредувате за себе и каде се чувствувате пријатно и безбедно. Важна точка во однос на удобноста на живеењето е чистењето на просториите. Марката Profissimo ја нуди целата корисна опрема за чистење кујна, бања и тоалет.
За секое подрачје во домот Profissimo има соодветни артикли за домаќинството, кои гарантирано нема да ве изневерат. Дали ви требаат нови кујнски предмети, средства за чистење или декоративни додатоци за пакување подароци? Што е со свеќите и освежувачите на воздухот кои придонесуваат за вистинскиот амбиент?
Со широката понуда на производи за домаќинство од Profissimo во dm ќе го опремите вашиот дом за секоја ситуација.
Profissimo Производи
Чистотата е на прво место
За добро чувство во сопствениот дом неопходна е чиста околина. Најдобро е однапред да ги набавите потребните предмети за домаќинството за да спречите валкање на подот, мебелот и кујнските уреди. Производите за домаќинство на Profissimo, како на пр. евтини волнени крпи за чистење прашина или кеси за правосмукалка за вашиот уред, се корисни секојдневни помагачи за чист дом. Освен тоа, Profissimo исто така нуди многу видови на сунѓери и ракавици со или без латекс. Со Profissimo сте добро опремени и за мало и за големо домаќинство.
Добро чувство на високо ниво!
По успешното чистење на станот, наградата за сработеното е повеќе отколку само соодветна. Затоа најдобро е да се релаксирате така што ќе се повлечете во некое удобно катче по ваш вкус. Што велите за една топла пенлива купка, на пример? Создадете пријатна атмосфера со пријатно миризливи додатоци за бања и треперливи свеќи и уживајте во вашата заслужена пауза. Со миризливите свеќи исто така можете убаво да ги украсите трпезаријата и дневната соба и да ги претворите во мирна оаза. Во асортиманот на Profissimo ќе најдете дури и соодветни кибрити за палење на свеќите. Со миризливите етерични масла или кесичките со цветови од лаванда, создавате пријатна мирисна атмосфера кога ќе се опуштите после завршената работа.
Кујната како скапоцен камен на станот
Во кујната често се собира целото семејство, бидејќи едно е јасно: сите некогаш ќе огладнат! За да ја одржувате оваа станбена површина во добра форма, потребни ви се неколку практични кујнски артикли кои секогаш можете да ги користите: сунѓери или сунѓерести крпи, сенаменски крпи од волнени микровлакна, кеси за ѓубре итн. Со овие класични артикли сте подготвени за секој проблем, затоа што кујната е место кое бара особено многу чистота.
За готвење и печење или за чување на вашите кулинарски уметнички дела, потребни ви се и вредни кујнски помагала како на пр. рециклирачката алуминиумска фолија од Profissimo, пластична проѕирна фолија, кеси за замрзнување, хартија за печење или хартија за сендвичи.
Радоста се удвојува кога нешто се споделува
Да се најде соодветна хартија за завиткување за да се спакуваат со љубов избраните подароци, не мора секогаш да биде поврзано со висока цена. Откријте ги различните дизајни во нашиот асортиман. Не секој подарок може без компликации да се завитка во хартија за виткање, но затоа можете секако да одберете и некоја практична и квалитетна кесичка за подарок.