
Soft&Sicher ве води низ секојдневието
"Се извинувам, да не имате можеби марамче? Повторно не сум земал со себе." - Веројатно ќе слушнете вакви реченици честопати, особено во студената сезона. Козметичкото хартиено марамче е ваш помошник во итни случаи, кога сакате да ги избришете трагите од настинка во секојдневието, да го поправите размачканиот кармин или да ги исчистите валканите детски раце. Ситуациите кога треба да имате спремно марамче со себе се почести отколку што мислите.
Soft&Sicher производи
Прва помош: Козметичко марамче
За најразлични секојдневни проблеми, Soft&Sicher ја исполнува скоро секоја потреба со големиот избор на марамчиња! Од класичните марамчиња во пригодна амбалажа од 10 парчиња, преку марамчиња со мирисен балсам па сѐ до марамчињата од рециклирана хартија, асортиманот е целосно прилагоден на вашите желби. Покрај пригодната амбалажа за кога сте излезени, Soft&Sicher исто така нуди и стилски кутии за козметичките марамчиња. Пробајте!
На сите оние кои сакаат да го дадат својот придонес за животната средина, им ги препорачуваме рециклираните марамчиња за рециклирање од „Soft&Sicher“. Значи, ако сакате зелена алтернатива за настинки, хартиените марамчиња се состојат од 4 слоја 100% стара хартија, со што при производтсвото се заштедува енергија и свежа вода. Но, не грижете се: тие се исто толку отпорни на кинење и нежни за вашиот нос, како и вообичаените козметички марамчиња!
Прилично впечатливи, но неупадливи
Кога сте дома би било супер практично ако би имале инстант пристап до марамче во секоја просторија. Совршено погодна за ова е кутија со марамчиња од Soft&Sicher. Како што е добро познато, настинката најдобро се лечи дома со многу чај и витамини, па затоа е попрактично, ако хартиените марамчиња не мора да ги преместувате од една просторија во друга, туку вие да можете самите да се преместувате од една кутија со марамчиња до друга.
Донесете си нов декоративен додаток дома и уживајте во практичните придобивки од кутијата со козметички марамчиња. Во dm ќе најдете најразлични дизајни кои ќе го задоволат секој вкус. Одберете или неупадливи дизајни кои визуелно се вклопуваат со мебелот од собата, или пак погрижете се вашата кутија за марамчиња да биде вистински магнет за око!
Балсам за носот
Оние кои сакаат посебен третман од нивните марамчиња, треба да се одлучат за уште помеки и понежни хартиени марамчиња со специјални состојки. Производите со балсам се специјално развиени за чувствителна кожа и пред сѐ за чувствителни носеви. Пријатната кадифена површина со мелем помага да се спречи непотребно триење на носот, така што нема да пече при повторното течење на носот! За производство на марамчињата потребна е целулоза, која се добива само од контролирани производствени капацитети и одговорно управувани шуми.
Уживајте во екстра меките марамчиња со балсам и кадифена површина од Soft&Sicher за чувствителни носеви. Дозволете си да бидете разгалени од меката ткаенина на марамчињата. Достапни се и во практична кутија за дома или за во канцеларија!