Крај на листата
Нега, храна и останати производи за бебиња и мали деца
Во текот на бременоста се подготвувавте најдобро што можевте за првите месеци со вашето бебе. Ги прочитавте сите прирачници за родители и се снабдивте со најважната опрема за нега на малото дете. Сепак, никој навистина не може да ве подготви за чувството кога за првпат станувате родител. Едно е сигурно: доаѓа голема промена, бидејќи малите палавци ни го превртуваат светот наопаку. За да ви го олесниме почетокот на оваа нова животна фаза, ќе ги споделиме со вас нашите совети и омилени производи. Ве придружуваме од првите чекори па сè до растењето на вашето најмило, со врвни производи од квалитетни брендови како што е babylove и многу други!
За мама ❤️
Бременоста е навистина посебен период исполнет со радост и возбуда, особено кога го очекувате вашето прво дете. Девет месеци изгледаат долго, но новите родители добро знаат дека времето поминува побрзо отколку што се очекува. Затоа, не дозволувајте да ве обземаат грижи и поминете низ овој период што е можно поопуштено. Уживајте во секој момент.
На пример, маслото за нега за време на бременоста од Weleda е идеално за превенција од стрии и за релаксирачки масажи. Исто така, кремата за брадавици може да се нанесува и пред породувањето, со што кожата се подготвува за идните потреби на доењето. Корисен придружник за секоја идна мајка може да биде и календарот за бременост, кој нуди сеопфатен преглед на информации за секоја недела од бременоста.
Опрема за бебиња и деца
Сите знаеме за купиштата пелени кои се чест подарок пред или по породувањето, и за тоа постои добра причина! Имено, додека не дојде време детето да престане да носи пелени, се искористуваат и до 5.000 пелени.
Дневниот број на пелени што му се потребни на вашето дете зависи од неговата возраст. Кај новороденчињата, пелените треба да се менуваат и до осум пати дневно, а подоцна околу пет пати дневно.
Изборот на соодветни пелени е од суштинско значење. Тие треба да бидат практични, добро да впиваат и да бидат удобни за носење. Впивливоста е особено важен фактор, бидејќи ако кожата на бебето остане влажна подолго време, може да се појави црвенило и пеленски осип.
Во dm ќе најдете голем избор на различни брендови и видови пелени со врвен квалитет, како и влажни марамчиња, бебешка пудра и многу други производи. Покрај еднократните пелени, dm нуди и тетра-пелени и пелени за капење. Така, ќе бидете подготвени за секоја ситуација.
Малите играчки babylove се идеални за да го одвлечат вниманието на детето при менување пелени и да го направат целиот процес побрз и поедноставен. Додека вашето мало богатство е воодушевено од глодалки и плишани играчки-тропалки, вие за миг ќе ставите чиста пелена. Но, не грижете се ако во почетокот пресоблекувањето не оди лесно. Со осум пелени дневно, сигурно многу брзо ќе ја совладате оваа вештина!
Храна за бебиња: сè што им е потребно!
Особено во првите месеци, бебињата растат многу брзо и затоа им се потребни важните хранливи материи од мајчиното млеко. Сепак, не сите мајки секогаш можат да дојат. Поради тоа, многу познати брендови произведуваат квалитетни адаптирани млечни формули за секоја возраст.
Покрај тоа, dm нуди бебешки шишенца од стакло или висококвалитетна пластика, како и соодветни цуцли. При навикнувањето на шишенцето, важно е да ја пронајдете цуцлата што најмногу му одговара на вашето бебе. Многу модели ја имитираат формата на мајчината брадавица и на тој начин создаваат чувство на познатост. Специјалните антиколик цуцли спречуваат голтање премногу воздух при хранењето и помагаат во заштитата на чувствителното бебешко стомаче.
Бидејќи шишенцата и цуцлите мора да се варат и стерилизираат по секоја употреба, секогаш е добро да имате доволно резервни парчиња при рака.
Кога ќе почнат да никнуваат првите запчиња, на малечките постепено почнуваат да им се допаѓаат кашичките и цврстата храна. Со тегличките Hipp секогаш сте одлично подготвени, особено кога сте надвор од дома. Разновидниот избор на оброци со говедско, пилешко месо, зеленчук, ориз и други вкусни состојки ќе ги засити малите гурмани. Житна или гриз-каша навечер го исполнува гладното стомаче, а вашето мало ангелче ќе спие мирно и цврсто.
Кога повторно треба да ги надополните залихите со производи за бебиња, dm е вистинското место за вас. Покрај пелени, шишенца, цуцли и слични производи, таму ќе пронајдете и детергенти за бебешка облека како и средства за дезинфекција, сигурносни заштити за прозорци и врати и многу други производи за чист и безбеден дом.






