КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Крај за темните подочници
dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 5 Мин.

8/28/2025

Крај за темните подочници

Многумина од нас се запознаени со темните кругови и отокот под очите – исто како да барате соодветна стратегија за справување со  подочниците. Со следниве совети тие ќе исчезнат брзо и лесно.

Кои се причините за појава на подочници?

Започнуваме од почеток и ја разгледуваме детално кожата под очите. Кожата во пределот под очите е многу тенка и во споредба со другите предели од лицето, не е заштитена со поткожно ткиво. Од таа причина, кожата во овој предел е речиси  транспарентна и крвните садови можат да се видат. Впечатливи подочници може да се појават поради разлини причини. Преголема консумација на кафе, алкохол, неправилна исхрана, пушење цигари како и недостаток на сон може да придонесат до појавување на темни кругови под очите. Тие може да предизвикаат спуштање на нивото во крвта, што доведува до нејзино затемнување, а тоа веднаш се познава под кожата. Темните кругови под очите може да бидат генетски наследни или да настанат од некаков вид на недостаток. Недостатоци на одреден витамин или минерал може исто така да бидат причина за темни кругови под очите. Во овој случај тестирање на крвта кај лекар може да ви се појасни што точно ви недостасува. Тука возраста игра голема улога. Со текот на годините кожата околу очите станува сѐ потенка,  а така се проѕираат крвните садови. Затоа рана и внимателна грижа за чувствителната област околу очите е особено важна. Дали сакате да им се спротиставите на темните кругови околу очите?  Тогаш постојат  две можности: спречување и прикривање.

Спречување на темни кругови: Може да постигнете со следниве производи

1. Крем за околу очите за свеж изглед 

Кремата за околу очи треба да врши доволна циркулација на крвта во кожата,  а воедно да дава доволна хидратација. Од таа причина при купување на крем за околу очи внимавајте на следниве состојки: 

Хијалуронска  киселина  - ја снабдува кожата со доволна хидратација и го спречува појавувањето на темните кругови. Воедно, штити од предвремено стареење на кожата.

Кофеин -  служи за подобра циркулација и го стимулира метаболизмот на клетките. Со тоа го спречува отокот и темните кругови околу очите. 

Витамин Ц – учествува  во создавање на колаген, а така ја израмнува кожата за да намали создавање на несакани брчки.  Витаминот Ц исто така ги ублажува нечистотиите и пигментните точки.

Витамин А -  спречува УВ зраците, кои водат до предвремено стареење на кожата, да ја оштетат и да предизвикаат создавање на темни кругови околу очите. 

Витамин Е -  ѝ дава на кожата доволна хидратација и ја штити тенката кожа околу очите од надворешните штетни влијанија.

Алое вера - го смирува отокот со својот ефект на ладење и  и` обезбедува здрав сјај на кожата. 

Дополнителен совет : За ефект на ладење, кремата за околу очи може да ја чувате во фрижидер. 

  1. Balea UREA крем за околу очи, 15 мл

    Balea

    UREA крем за околу очи, 15 мл

  2. alverde naturschön крем за околу очи, 15 мл

    alverde naturschön

    крем за околу очи, 15 мл

  3. Balea Q10 крем за околу очи, 15 мл

    Balea

    Q10 крем за околу очи, 15 мл

  4. Balea освежителен крем за околу очи, 15 мл

    Balea

    освежителен крем за околу очи, 15 мл

Крај на листата

За ефектот да има најдобар резултат, треба да внимавате и на нанесувањето. Нанесете количина  во големина на грашок. Тапкајте ја кремата под очите нежно. Така може кожата оптимално да ја впие кремата и да ја стимулира циркулацијата. Нанесувајте ја кремата секој ден преку ден и навечер. Откако кожата ќе ја впие кремата,  нанесете ја шминката. 

2. Дополнителна нега за пределот околу очите : траки за подочници и рол-он

Доколку се разбудите со оток на очите, најбрз начин да го спласнете отокот е да ставите ладни траки за подочници. Исто така корисен е и рол-онот  за околу очи, кој со неговото топче кое масира, веднаш ќе го  спласне отокот. Најмногу нега има потреба сувата кожа, бидејќи доколку имате сува кожа дополнително се создаваат брчки и темни кругови околу очите. 

  1. Balea AQUA рол-он за очи, 15 мл

    Balea

    AQUA рол-он за очи, 15 мл

  2. Balea BEAUTY EFFECT гелни траки за очи, 6/1

    Balea

    BEAUTY EFFECT гелни траки за очи, 6/1

  3. Balea MEN рол-он за очи, 15 мл

    Balea MEN

    рол-он за очи, 15 мл

  4. Balea Q10 траки за очи, 15 мл

    Balea

    Q10 траки за очи, 15 мл

  5. MOй хидрогелни траки за очи, 2/1

    MOй

    MOй хидрогелни траки за очи, 2/1

  6. Balea MEN траки за очи, 12/1

    Balea MEN

    траки за очи, 12/1

Крај на листата

Прикривање на темните кругови околу очите : Чекор по чекор со соодветните производи за шминкање

Чекор 1 : Неутрализирање 

Најпопуларниот помошник за борба при прикривање на подочниците е коректорот. Тој помага да исчезнат темните кругови околу очите. Различни бои за прикривање,  создаваат различни ефекти : светли бои ги прикриваат длабоките темни кругови, темни бои ги кашираат отоците. Бојата на коректорот се бира во зависност од тоа какви подочници имате. Важно е и следното:  жолт коректор се применува на сини и лилакови подочници, виолетова боја прикрива жолт тон на кожата, а зелена боја прикрива црвени предели на лицето. 

Запомнете : Коректорот во боја  се нанесува само на места каде што е потребно со нежно натапкување. 

Чекор 2: Каширање

По неутрализирање на црните кругови околу очите, следува нанесување на коректор 1-2 нијанси посветол од вашиот тон  на кожа. Ова ги соединува неправилностите на кожата и го осветлува пределот околу очите. За помлада кожа препорачливо е прашкаст коректор, за постара кожа соодветен е рефлектирачки коректор. Коректорот се нанесува како триаголник и се натапкува нежно со прст или со бјути блендер. Кај тврдокорни подочници може да користите малку повеќе коректор. 

  1. trend IT UP пудра за корекција

    trend IT UP

    пудра за корекција

  2. alverde коректор за подочници

    alverde

    коректор за подочници

  3. trend IT UP палета за корекција

    trend IT UP

    палета за корекција

Крај на листата

Чекор 3: Зацврстување

Во последниот чекор го зацрвстуваме коректорот со транспарентна или пудра која ви одговара на тонот на кожата. Овој чекор служи коректорот  т.е. шминката да биде подолготрајна. Пудрата ја нанесувате најдобро со соодветна четка или сунѓер за нанесување пудра. По потреба може да се користи и фиксатор, но внимавајте да не дојде во контакт со очите. 

  1. trend IT UP пудра за лице

    trend IT UP

    пудра за лице

  2. s.he фиксирачка пудра за лице

    s.he

    фиксирачка пудра за лице

  3. trend IT UP фиксатор за шминка

    trend IT UP

    фиксатор за шминка

Крај на листата