КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Нега на лице во вашиот dm

Времето кога во вашиот несесер имавте една универзална крема за нега на лицето е одамна минато. Со други зборови, негата на лицето стана покомплексна: голем број нови брендови, хибридни и повеќенаменски производи, природна козметика, азиска козметика, префрлање на фокусот од производите на состојките и уште многу други новости. Затоа е важно да знаете дека dm е место каде што, покрај тоа што можете да најдете трендсетерски производи за нега на лицето, секогаш можете да се информирате за новостите од светот на негата на лицето и, што е најважно, да се инспирирате од производите што ви ги нудиме.

Корејски и јапонски производи за нега на лице

Корејските и јапонските естетски концепти на кои ние, Европејците, како и остатокот од светот, им се восхитуваме, веќе во голема мера го наоѓаат својот пат до нас. Еден од тие патишта се и исклучително софистицираните производи на корејската и јапонската козметика за нега на лицето, кои обединуваат мултифункционални производи и напредни начини за нега на кожата на лицето. Покрај тоа, состојките на K-Beauty и J-Beauty производите за нега на лице често се многу необични, додека процесот на нивната техничка изработка е многу напреден. Доколку сакате подетално да се запознаете со корејската козметика, погледнете го големиот број трендсетерски производи кои ви се достапни во нашите dm продавници. 

Како да го негувате своето лице

Голем број производи и брендови за нега на лицето, состојки за кои никогаш ништо не сте слушнале, beauty рутини од по неколку чекори… Да, негата на лицето понекогаш изгледа како да не знаете од каде да почнете. Затоа се потрудивме што подетално да ви објасниме за што служат различни видови на производи и како најдобро да ги користите. Правилната рутина за нега на лицето е тука, само потпрете се на dm! 

Пилинг – бидејќи правилната нега на лице започнува со чистење

Првиот чекор на правилната нега е редовното чистење на лицето, бидејќи на тој начин кожата се ослободува од насобраните нечистотии во текот на денот и се подготвува за  дополнителна нега со која сакаме да постигнеме одредени резултати. Пилинг на кожата претставува еден од третманите кој од површинскиот слој на кожата ги отстранува остарените и мртви клетки. Поради нормалниот физиолошки процес кој подразбира секојдневна замена на клетките, како и поради нивното можно натрупување, третманот со пилинг е важен дел од личната здравствена хигиена. Со елиминација на слојот од мртви клетки спречуваме нивно натрупување на површината, го подобруваме дишењето на кожата, а со тоа се олеснува и апсорпцијата на лековитите состојки од разните препарати кои ги нанесуваме на нејзината површина. Доколку се прави редовно и правилно, пилингот чисти, хидрира и ѝ дава на кожата посвеж изглед, правејќи ја помека и помазна. 

Основна нега на лице 

Дневна крема, ноќна крема и крема за подрачјето околу очите

На почетокот е важно да се задоволат основните барања на кожата за влажност и заштита, а во тоа ви помагаат дневните креми, кои треба да бидат прилагодени на вашиот тип кожа. Значи, на кожата на лицето дење пред сè ѝ е потребна заштита од дехидрација и надворешни фактори. Ноќе кожата се обновува и делбата на клетките е значително поголема отколку дење, па ноќните креми се многу често поконцентрирани и поинтензивни од дневните. Многу е важно никако да не ги мешате ноќните и дневните креми за лице за да постигнете оптимална дневна и ноќна нега на вашата кожа. 

Креми за подрачјето околу очите

 Дебелината на кожата околу очите е околу 0,5 mm, што ја прави 4 пати потенка од остатокот на кожата на лицето. Речиси и да нема лојни жлезди или потпорно масно ткиво, што значи дека оваа кожа побурно реагира на надворешни влијанија: сув воздух, сончева светлина, како и недостаток на сон и нездрава исхрана може да предизвикаат брчки и темни кругови. Затоа е важно да изберете соодветни креми за околу очи кои можат да ги намалат фините линии и брчките од смеење. 

Напредна нега на лицето

Серум

Серумoт е производ за нега на кожата кој ѝ помага на кремата нејзините активни молекули да навлезат што подлабоко во кожата. Кремата е многу помасна и со погуста текстура, додека серумот е значително поредок. Составот на серумот се чисти активни состојки концентрирани во еден производ. Се користат пред дневна и ноќна нега. 

Ампули

Ампулите се хемиски затворени стаклени шишенца кои содржат концентрати на активни супстанции кои се чувствителни на кислород, а се применуваат целно за третирање одредени кожни проблеми како што се губење на еластичноста, сува кожа, дехидрација, хиперпигментација. Се користат на секои 3-4 недели, пред дневна и ноќна нега. 

Мицеларна вода

 Тоа е вода со неутрална pH вредност во која пливаат мицели. Обединети во еден производ, овие две состојки овозможуваат отстранување на маснотиите измешани со нечистотии и темелно отстранување на шминката, дури и водоотпорната. Не ја иритира кожата и не е потребно да се исплакне. Лицето се чисти така што формулата се нанесува на памучен туфер и се поминува преку лицето. 

Нега на зрела кожа

Со помош на голем број производи можете многу да постигнете за нега на кожата на лицето? Понекогаш е подобро да се потпрете на неколку производи со соодветни активни состојки кои се посебно прилагодени на зрелата кожа. Со текот на годините, еластичноста и количината на влага во кожата се намалуваат. Затоа, покрај хидратантната дневна нега со фактор за заштита од сонце, меѓу вашата козметика треба да се најде и хранлива ноќна крема, како и блага крема за пределот околу очите за потребите на зрелата кожа на лицето. 

Навики кои ѝ помагаат на кожата на лицето

Ако веќе мора да бидеме робови на навиките, како што некои сакаат да кажат, зошто тогаш да не бидеме робови на навиките кои му помагаат на нашето лице? Во продолжение можете да дознаете како преку неколку безболни навики за свеж тен да му направите добро на вашето лице. 

Доволно сон за негувана кожа

 Приказната за „beauty sleep“ не е бајка, бидејќи многу нешта се случуваат во нашите клетки во текот на ноќта: се намалуваат брчките, се изедначува тенот и кожата се снабдува со одбранбени механизми. Значи, ако недоволно спиеме, на тој начин ги вознемируваме клетките во извршувањето на важни процеси, како што се на пример хидратацијата и пигментацијата на кожата. Затоа, испружете ги нозете и опуштете се додека клетките си ја вршат работата. 

Избегнувајте штетни влијанија од околината

Кога станува збор за предвремено стареење на кожата на лицето, постојат два негативци: никотинот и изложеноста на сонце. Пушењето предизвикува кожата на нашето лице побрзо да старее, бидејќи конзумирањето никотин ја активира металопротеиназата. Што е тоа? Со помош на металопротеиназата нашата кожа го разградува колагенот, кој е важна состојка за еластичноста на сврзното ткиво. Впрочем, ефектот што го предизвикува пушењето е ист како и ефектот од изложеноста на сонце. Тогаш, дали нема уживање во последните сончеви зраци за време на убава летна вечер? Никако. Наместо тоа, кога следниот пат ќе му се восхитувате на сонцето, потпрете се на добра заштита од сонце и некоја убава капа за сонце. Ова е важно бидејќи во екстремни случаи УВ зрачењето предизвикува кожата на нашето лице да старее до 80% побрзо и да создава, на пример, пигментни дамки. Кремата за сончање не треба да се нанесува само на лицето, туку и на деколтето, рацете и сите други подрачја кои се изложени на директна сончева светлина. 

  1. Balea гелни туфери за подочници, 2/1

    Balea гелни туфери за подочници, 2/1

  2. Balea масло за чистење лице, 100 мл

    Balea масло за чистење лице, 100 мл

  3. Balea серум ниацинамид, 30 мл

    Balea серум ниацинамид, 30 мл

  4.  Balea мицеларна вода за сува и чувствителна кожа, 400 мл

    Balea мицеларна вода за сува и чувствителна кожа, 400 мл

Крај на листата