КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

5 Party Looks со кои можете сами да се нашминкате

Конечно се тука: забави – добра музика, опуштено расположение и, се разбира, кул и необичен стајлинг. Во овој текст ви откриваме која party шминка е во тренд оваа година и како можете брзо и лесно сами да ја примените со нашите производи.

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 5 Мин.

12/22/2023

Festival Make-up und Nägel

Шминка за на забави

Она што треба да го знаете воопшто за оваа шминка е дека на забава – ПОВЕЌЕ навистина значи ПОВЕЌЕ.

Боење на лицето? Големо да!!
Сјајна шминка? Да, не штедете на сјајот!!
Шарена? Не, уште пошарено!!

Всушност, нема ограничувања за Party makeup-от. Колку понеобично толку подобро, тоа е мотото! Со цел да се подготвите за вашата следна забава, во овој текст пронајдовме и тестиравме 5 идеи за шминка кои можете брзо и лесно да ги повторите. Значи ништо не стои на патот кон шарено и забавно лето!

  1. Rainbow-Eyes für Festivals schminken

Крај на листата

Виножито очи

Оваа шминка го следи мотото: пошарено, ако е можно!

Кои бои сакате да ги примените на вашиот капак со овој стил на шминка, се разбира, целосно зависи од вас. Во овој туторијал за шминкање избравме сина, виолетова, златна и црвена нијанса, бидејќи тие бои на очните капаци одлично се совпаѓаат една со друга. Почнете од браздата на горниот капак и нанесете виолетова сенка за очи на внатрешниот дел од капакот, веднаш зад браздата, и повторете го тоа со златната боја на надворешниот дел од капакот. Нежно измешајте ги овие две бои пред да продолжите со шминката на долниот капак. Сината сенка сега се нанесува од браздата на капакот до почетокот на веѓата и темелно се соединува до внатрешниот агол на окото. Користете црвена сенка за да го надополните лакот на веѓите и долната линија на трепките. За да создадете убава транзиција помеѓу боите, користете четки за „блендирање“ сенки.

За Rainbow Eyes да го постигнат својот целосен ефект, треба да бидете малку поштедливи со маскарата и да користите розови нијанси и тонови за усните. Од друга страна, можете слободно да нанесете светкав хајлајтер на јаболчниците и на врвот од носот.

Крај на листата

  1. Festival Look mit Eyeliner

Крај на листата

Засилете ја играта со ајлајнерот

За оваа забавна шминка добивме инспирација од 60-тите и од тогашната модна икона Твиги. Таа беше првата што ја популаризира линијата со двојни ајлајнери и привлече големо внимание со стилот на шминкање. А бидејќи првите хипи фестивали се одржаа во шеесеттите, овој изглед е полн погодок.

За да ја нанесете оваа party шминка, прво нацртајте крило со црн течен ајлајнер - слободно претерајте (запомнете, ПОВЕЌЕ е ПОВЕЌЕ). Потоа над браздата на очниот капак нацртајте лак со моливче во модерна боја за нежно да избледи кон внатрешната страна на окото. Можете лесно да го изблендирате крајот на линијата во боја со помош на памучно стапче за уши. За да ја нагласите креацијата, исцртајте уште една линија на долниот раб на трепките со моливче во боја, изблендирајте го и завршете ја party шминката со маскара.

Изгледот е комплетиран со нокти во соодветни бои и неутрален кармин, така што очите остануваат во центарот на вниманието.

Крај на листата

  1. Festival Make-Up mit lila Lidschatten

Крај на листата

All Lila Everything

Овој тренд секако ѝ го должиме на успешната серија „Еуфорија“ и на неверојатниот концепт на шминка во неа. Оваа година виолетовата боја сѐ почесто ја гледаме и во секојдневната шминка и на забавите. За овој тип шминка се нанесува нијанса на јоргован на целиот очен капак до веѓите. За уште повеќе да ја истакнете бојата, најдобро е да користите кајал со иста боја и да нацртате линија по работ на трепките во лак. Надополнете ја вашата шминка за очи со црна маскара. За усните можете да си дозволите виолетовата да ја игра главната улога во „all in“ стилот или да се одлучите за понеутрална варијанта и да користите „nude“ бои или проѕирен сјај за усни.

Крај на листата

  1. Festival Look mit Glitter

Крај на листата

Glitter Make up

Голема количина сјај и светки дефинитивно не може да изостане на ниту една забава – се разбира, дури ни кога е во прашање шминката.

За овој метод на шминкање, ќе мора да излезете од класичната комфорт-зона за шминкање, меѓутоа, доколку ги следите нашите упатства, нема да погрешите.

Најпрво на целиот капак нанесете светкава сребрена сенка, слободно во поголема количина, за да блесне и да светка. Потоа користете сребрено моливче за да ги врамите очите со цртање линија на горната и на долната линија на трепките. Втората линија е нацртана со моливче директно под веѓите. Ориентирајте се едноставно според обликот на веѓите.

Нагласете ја вашата party шминка, по можност со мат црвена или корална боја на усните.

Сега е време за самолепливи сјајни камчиња. При прицврстувањето се препорачува употреба на пинцети, за да можете попрецизно да работите. Нема ограничувања за положбата на камчињата. Во принцип, најлесно е да се држите до хоризонтални или вертикални линии или да се ориентирате според природните облини на лицето.

Последно, но не и најмалку важно, не заборавајте да ги налакирате ноктите сјајно! 🤩 

Крај на листата