КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Крај на листата

Органска храна во dm - Разновидна и богата исхрана. Ние знаеме како!

Органска храна на дофат на раката: Поздрава исхрана по супер цени!

Во изминатиов период размислувавме за здравјето повеќе од кога било, но и за нашата врска со природата. Многумина од нас ја искористија можноста да се вратат на сопствените приоритети, a еден таков е и грижата за своето здравје преку исхраната. Нашата врска со природата најмногу се рефлектира преку органска храна која ја внесуваме во организмот. 

Со повеќе од 500 производи од сегментот на органска храна, од кои повеќе од 400 ѝ припаѓаат на нашата сопствена марка на dm,  dmBio, ви ја нудиме најшироката понуда во сегментот на органска исхрана во земјава. Висококвалитетните производи, кои патем се изработени без употреба на вештачки ароми, бои и конзерванси, изобилуваат со широк спектар на вкусови, кои се автентични, благодарение токму на органското и контролирано производството.

dmBio - Органски квалитет по супер цени!

Под мотото „Органски квалитет по супер цени“ ви нудиме најголем избор на висококвалитетни сертифицирани органски dmBio производи, кои се произведени по најстрогите стандарди за органско производство. Состојките на секој производ се внимателно одбрани сѐ со цел да се зачува квалитетот и оригиналниот вкус. Тука можете да се информирате повеќе околу разновидниот асортиман на dmBio.

Големиот број и разновидност на производите од dm марката dmBio ви овозможува лесно да го испланирате секој оброк во текот на денот. Играјте со вкусови, бои, задоволете го вашето чувство за вкус со различни групи dmBio производи наменети за органска исхрана, како и вегетаријанци, вегани и луѓе со различни видови на нетолеранција на храна.

Кои се бенефитите од органската храна?

Придобивките од органската храна се рефлектираат во примена на природни методи и состојки, ограничување или целосно елиминирање на употребата на хемиски синтетизирани агенси, минерални ѓубрива, како и забрана за употреба на генетски модифицирани организми и производи кои се состојат од нив или потекнуваат од нив.

Управувањето со производствените процеси во органското производство подразбира проценка на ризик и примена на соодветни превентивни мерки и принципи на одржување и подобрување на животот во почвата, односно биодиверзитетот и неговата природна плодност. Потоа, хранење на растенијата пред сѐ преку екосистемот на почвата, како и прилагодување на методите за органско производство на регионалните и локалните климатски и агроеколошки услови, санитарната состојба, нивото на развој и спецификите на традиционалниот начин на одгледување се дополнителни придобивки со кои се соочуваме при употребата на органска храна.

Поради овие методи на производство, органската храна не содржи конзерванси, вештачки бои, ароми и се состои од повеќе витамини, минерали, калциум, магнезиум, железо, омега-3 масни киселини во споредба со конвенционално произведената храна.

Од каде доаѓаат производите на брендот dmBio? 

Органскиот асортиман на dm се зголеми на околу 500 органски производи. Пред околу 30 години, dm беше еден од првите трговци на мало во Австрија што понуди органска храна. Оттогаш, dm продолжи, насекаде во Европа, да поставува нови стандарди за асортиман ориентиран на животната средина и здравјето.

Органските производи на брендот dmBio доаѓаат од контролирано органско производство. Редовните проверки на состојките, но и процесот на производство, гарантираат постојано висок квалитет на производите на dmBio. Резултат: dm нуди висококвалитетна органска храна за свесна и совесна исхрана на потрошувачите. dm исто така го поддржува и промовира органското земјоделство.

За нашите кулинарски ентузијасти и оние кои водат сметка за совесна исхрана 

Сѐ повеќе обраќаме внимание на правилната исхрана, како за деца, така и за возрасни. Често ја слушаме и изреката „Ние сме, она што го јадеме“. Доколку сакате да погледнете интересни вегански и органски рецепти, тука можете да најдете наши предлози, кои можат да ги заменат вашите секојдневни оброци. Пробајте да зготвите неколку лесни и брзи рецепти со нашите совети и производи од dmBio.

За сите вас, кои сте страствени готвачи и обожувачи на готвењето, а внимавате на исхраната која ја консумирате, во соработка со нашите соработници, ви подготвивме дополнителни рецепти, со кои можете да ја збогатите секојдневната трпеза и да уживате во вкусовите на природата.

Спортска исхрана - пред, после и за време на тренингот 

Спортистите главно имаат зголемено енергетско побарување и честопати внимаваат на нивната исхрана. Затоа, протеинската храна со висок квалитет се користи за зголемување на перформансите. Протеинските штанглици од познати брендови и во различни вкусови се особено популарни кај спортистите како начин за брз внес на протеини.  Протеинските напитоци се исто така добар начин за снабдување на вашето тело со потребната количина на протеини што се потребни за оптимално функционирање на мускулите, коските и имунолошкиот систем. 

Покрај производите кои ги задоволуваат нивните протеински потреби, спортистите често се потпираат на додатоци во исхрана во форма на капсули или таблети кои совршено ја заокружуваат диетата. Особено магнезиумот често се користи за поддршка во начинот на исхрана.

Дали ги познавате производите за спортска и протеинска исхрана од нашиот бренд Sportness?

  1.  dmBio напиток од овес и ванила,  1 л

    dmBio напиток од овес и ванила, 1 л

  2. dmBio сируп од агаве, 250 мл

    dmBio сируп од агаве, 250 мл

  3. dmBio чиа семе, 300 г

    dmBio чиа семе, 300 г

  4. dmBio кокосово млеко, 400 мл

  5. dmBio овесни снегулки без глутен, 500 г

  6. dmBio намаз од шумско овошје, 340 г

  7. dmBio палента, 500 г

Крај на листата