КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Избалансирана исхрана – совети на dm & нутриционистот Симона Коруновска

Здравите оброци веројатно се најдобриот начин да се започнат нови здрави навики, па со нутриционистката Симона Коруновска откриваме лесен и едноставен начин како да го направиме тоа.

Никаде нема да пронајдеме упатство кое ќе ни даде идеално решение за како правилно да се исхрануваме. Потребно е сами да испробаме различни стилови на исхрана и разновидни намирници за да видиме што ни одговара нам, но и на нашето тело. За оваа година да ја започнете со здрави навики, во соработка со нутриционистката Симона Коруновска ви споделуваме интересни искуства, предлог рецепти со органски dmBio состојки, како и забавни и корисни нутритивни факти! 

На нашиот youtube канал можете ги погледнете сите видеа изработени во соработка со Симона Коруновска, да се информирате на многу корисни теми и да дознаете супер интересни нутритивни факти за исхраната.

Совети за исхрана

Заедно со Симона, изработивме неколку совети, кои може да ви бидат од помош при изборот на правилната исхрана. Обрнуваме внимание на тоа на што треба да внимавате во исхраната, како да се исхранувате при настинка и како храната влијае на имунитетот. Исто така сите оние кои имаат проблеми со вишокот на килограми може да прочитаат совети за тоа како правилно да се намалат килограмите, како и за тоа зошто диетите може да бидат штетни.

Со правилна и избалансирана исхрана можеме да влијаеме на нашето расположение, а волуменот на исхраната игра голема улога во тоа, како и истрајноста.

Интересни нутритивни факти

Колку пати досега сте се запрашале какви својства имаат намирниците кои ги консумираме? Дали одредени алтернативи се навистина поздрави или пак тоа е само мит? Што навистина претставува тофу? Дали да готвите со маслиново или пак сепак со некое друго масло? Дали да консумирате бел или пак интегрален леб?

На овие прашања, но и на многу други, заедно со Симона ви даваме одговори. Сакате истите да ги прочитате или пак можеби да ги погледнете како видео? Кликнете и проширете ги вашите познавања од оваа област!

Рецепти во соработка со Симона Коруновска

Нашата соработка нема да биде целосна, доколку не ви припремиме и неколку вкусни и здрави рецепти. Заедно со Симона, успеавме да зготвиме шест рецепти, кои совршено ќе се вклопат во вашиот нов план за избалансирана исхрана. Покрај тоа, сите овие рецепти се зготвени со органските производи од нашата dm марка – dmBio, па потребните намирници за приготвување на секој рецепт лесно ќе ги пронајдете во најблиската dm дрогерија.

Одберете го оној рецепт кој најмногу ќе одговара на вашиот вкус и уживајте во подготовката и во широкиот спектар на вкусови.

*Сите наведени информации, препораки и совети се изработени од страна на нутриционистот Симона Коруновска.