Овесна каша
Одличен ултра брз појадок за целото семејство, појадок богат со железо, многу растителни влакна кои долго држат ситост и ја намалуваат апсорбцијата на шеќер во крвта. Aко имате зголемена потреба за протеин додадете протеин. Истиот можете да го подготвите ден однапред и да го понесете на работа за брзи утра.

Потребни состојки:
- 40 г dmBio ситни овесни снегулки
- 240 мл dmBio напиток од овес
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка dmBio намаз од јагоди
- 1 лажичка dmBio чиа семе
- 1 лажичка dmBio путер од лешник
- 2 цедени портокали
- 50-70 мл dmBio сок од малина
Подготовка
Овесна каша можете да направите и со ситни и со крупни овесни снегулки. Ние ќе ја направиме со ситни, кои имаат практично исти нутритивни вредности како и целото зрно овес - но многу пократко време на подготовка.
На 40 г ситни овесни снегулки се додава околу 240 мл растително млеко по избор. Количината на млеко која се додава зависи од вашите лични преференци - дали сакате потечна или погуста овесна каша.
Овесните снегулки ги мешате со млекото, ги ставате на загреана плотна и во моментот кога ќе почнат да вријат ги тргате.
Го додавате медот и чиа семето и убаво промешувате.
Медот е природен засладувач и содржи многу антиоксиданси и има антибактериски својства, a чиа семето содржи многу омега-3.
Сервирате со 1 лажичка путер од лешник, намаз од 75% јагоди и сечкана банана.
Путерот од лешници освен што е вкусен, има заситени масти. Претставува лесен начин да додате здрави и вкусни калории во оброкот. Кога бирате путер од лешници многу е важно да има 100% лешници во состав, а рокот ќе биде долг без никакви додатоци токму заради количината на масти која ја содржи.
Јагодите се едни од омилените овошја, а овошниот намаз со 75% јагоди е одличен начин да уживаме во истите и кога ќе заврши нивната сезона. Тие имаат многу активни био компоненти, може да помогнат во заштита на кожата и да превенираат одредени хронични заболувања.
Ако имате зголемена потреба за протеин додадете протеин, а сервирајте со чаша со цеден сок од портокал со 50 мл сок од малина. Истиот можете да го подготвите ден однапред и да го понесете на работа за брзи утра.