КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Интересни нутри факти

Интересни нутритивни факти

Колку пати досега сте се запрашале какви својства имаат намирниците кои ги консумираме? Дали одредени алтернативи се навистина поздрави или пак тоа е само мит? Што навистина претставува тофу? Дали да готвите со маслиново или пак сепак со некое друго масло? Дали да консумирате бел или пак интегрален леб?

На овие прашања, но и на многу други, заедно со Симона ви даваме одговори. Сакате истите да ги прочитате или пак можеби да ги погледнете како видео? Продолжете надоле на оваа страна и проширете го вашето знаење за овие теми поврзани со исхраната.

Нутри факти видеа

Крај на листата

Што треба да знаете за храната која ја внесувате?

Дали некогаш сте се запрашале што е тофуто и кои се неговите хранливи својства? Која е разликата помеѓу интегрален и бел леб? А, што е со циметот? Дали сте знаеле какви семиња треба да користите во вашата исхрана? Дали можеби ве интересира разликата помеѓу органските и „обичните“ тестенини? Сите знаеме дека серотонинот е невротрансмитер, но дали знаете каде се наоѓа и како може да влијаеме на него? Со какво масло треба да ја готвите вашата храна за да добиете оптимални резултати?

Прочитајте ги одговорите во продолжение или изгледајте ги видеата кои ги подготвивме за вас.

1. Тофу - како се консумира и зошто да го внесете во вашата исхрана?

Тофуто е ,,сирење” направено од млеко од соја. Многу лесно впива вкусови, па затоа може да се зготви на многу начини, но и не мора. Тврдото пастеризирано тофу е готов производ, треба само да се исцеди од вишокот вода и е спремно за консумација.

Тофуто е вегански производ кој има малку калории, а многу протеини кои ги имаат сите 9 есенцијални аминокиселини кои се неопходни за правилна функција на телото. Неговата консумација може да помогне при регулирање на телесната тежина, ,,топли” бранови за време на климакс, регулирање на холестеролот итн.

Содржи и голема количина на железо, калиум, манган, селен, цинк итн.

2. Интегрален v.s. бел леб

Интегралниот или целозрнест леб е составен од сомелени зрна кои ги вклучуваат сите 3 делови од житарката: лушпата, зрното и никулецот, додека белиот леб е составен од бело брашно кое содржи само излупено зрно и има многу пониска нутритивна вредност.

Интегралниот леб е многу поздрава опција затоа што содржи многу повеќе растителни влакна од лушпата на зрното што го прави намирница со понизок гликемиски индекс која подолго ќе нѐ држи сити и може да придонесе за поздраво дигестивно здравје. Исто така содржи многу поголема количина на витамин Б6 кој помага за одржување на здрав нервен систем, витамин Е кој е важен за имунолошкиот систем, како и за поздрава кожа. Содржи и поголема количина на минерали, како магнезиум и цинк кои се неопходни за правилно функционирање на телото.

Со навиката за редовна консумација на интегрален наместо бел леб можете да го подобрите дигестивното здравје, да ја одржите телесната тежина, па дури и да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

3. Видови на цимет

Дали сте знаеле дека постојат повеќе видови на цимет? И не сите видови всушност се добри за секојдневна употреба. Доколку го користиме секојдневно и во поголема количина, Симона го препорачува цејлонскиот цимет.

Циметот содржи бета каротен, антиоксиданси, манган, а има и антиинфламаторни својства (може да го намали интензитетот на симптомите), може да го намали лошиот холестерол и да го намали ризикот од дијабетес.

4. Семиња во исхраната

Семињата се ефективен начин да се додадат здрави масти, растителни влакна и минерали во исхраната. Заради богатството на влакна кое го содржат при нивна консумација е многу важно да се пие доволна количина на вода.

Лененото семе има многу влакна, протеини и калиум. Го содржи и полифенолот лигнан повеќе од која било друга храна. Најдобро е да се јаде сомелено за полесно да се дигестира. Треба да се почне со помала количина, која постепено се зголемува.

Чиа семето е извор на Омега-3 и алфа линоленска киселина, па е одличен избор за оние кои не јадат риба. Може да нарасне 10x повеќе од својата големина, па 1 лажичка чиа и малку вода е замена за јајце во рецепти. 

Семките од тиква се се одличен избор зашто содржат многу минерали, од кои најмногу цинк кој е важен за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

dmBio производи

  1. dmBio

    цејлонски цимет, 50 г

  2. dmBio

    интегрален леб, 500 г

  3. dmBio

    чиа семе, 300 г

  4. dmBio

    ленено семе, 400 г

  5. dmBio

    тофу, 200 г

Крај на листата

5. Органски тестенини

Тестенините се брз оброк кои наспроти општото верување, не нѐ ,,дебелеат” сами по себе. Во зависност од индивидуалните нутритивни потреби има неколку видови на органски тестенини:

Тестенини од бело органско брашно- немаат многу растителни влакна, богати со јаглехидрати за енергија и одлични со класични комбинации

Интегрални органски тестенини- богати со растителни влакна, кои подолго држат ситост и лесни за комбинирање

Протеински тестенини (леќа и наут) одлична опција за кога немате доволно време за готвење, а сепак сакате да ја внесете потребната количина на протеин. Имаат поспецифичен вкус и долго држат ситост.

dmBio тестенини

  1. dmBio

    фусили од наут, 300 г

  2. dmBio

    спирели од спелта, 500 г

  3. dmBio

    фарфали, 500 г

Крај на листата

6. Серотонин во храната - песто, темно чоколадо, семиња, јаткасти плодови и тофу

Кога станува збор за хормонот на среќа, исхраната игра многу голема улога. Иако директно не можеме да го внесеме преку храната, можеме да ја внесеме аминокиселината триптофан во комбинација со јаглехидрати и да се обидеме да влијаеме на начинот на кој се чувствуваме.

Голема количина на оваа аминокиселина содржи токму тофуто. Можеме да го комбинираме со интегрален леб, крекери или ориз за да внесеме јаглехидрат

Темното чоколадо пак има доволна количина на триптофан и јаглехидрат и затоа секој пат се чувствуваме убаво кога го јадеме.

Јаткастите плодови (како: бадеми, индиски ореви, кикирки, ореви, итн.) и семињата (семки од тиква, сончоглед и сусам) можат да помогнат со нашето расположение, а се и многу лесни да се вметнат во исхраната.

Пестото пак, содржи јатки, а и босилек кој освен што позитивно влијае на расположението, има и антимикробен ефект.

dmBio производи

  1. dmBio

    темно чоколадо, 100 г

  2. dmBio

    песто, 120 г

  3. dmBio

    индиски ореви, 150 г

Крај на листата

7. Кое масло за готвење е најдобро?

Кога станува збор за готвење на повисока температура, супер опција е рафинираното маслиново и кокосово масло.

Маслиновото масло е безбедна опција за готвење на пониска температура, благодарение на отпорноста на високи температури на мононезаситените киселини кои ги содржи.

Нерафинираните масла добиени од семиња (тиква, лен, итн.), како и екстра девственото маслиново масло е најдобро да ги употребуваме во оброци во кои нема термичко загревање на храната за да не ги уништиме нивните високи нутритивни вредности.

dmBio масла

  1. dmBio

    кокосово масло, 300 мл

  2. dmBio

    сончогледово масло, 500 мл

  3. dmBio

    маслиново масло, 750 мл

Крај на листата