Овесни палачинки
Иако палачинките звучат комплицирано, оваа варијанта на здрави палачинки е супер брза и лесна за подготовка. Изобилува со растителни влакна и здрави масти кои можат да ја подобрат цревната перисталтика и држат долго ситост. Вегетаријански оброк кој би бил омилен на целото семејство и може да прерасне во омилен неделен појадок. Погледнете како да го подготвите!

Потребни состојки:
- 100 гр dmBio овесни ситни снегулки
- 1 лажица dmBio прашок за печиво
- 1 лажица dmBio мелено ленено семе
- ½ лажичка dmBio цејлонски цимет
- 1 јајце
- 50 мл dmBio бадемово млеко
- 4 лажици dmBio јаворов сируп
- 1 лажичка ванила екстракт
- сок од 1 цеден лимон
- 2-3 лажици dmBio сок од црна рибизла
Предлог топинзи:
- dmBio путер од индиски ореви
- dmBio јаворов сируп
- сечкана банана
- шумско овошје
Подготовка
Започнуваме со додавање на јајцето, па по него го додаваме и јаворовиот сируп.
Додаваме една лажичка ванила екстракт и 50 мл бадемово млеко (или некои го викаат бадемов напиток). Со маталка ги мешате течните состојки дури да се соединат.
Во меѓувреме ги блендирате овесните снегулки додека не добиете текстура на брашно. Овесните снегулки изобилуваат со комплексни јаглехидрати и растителни влакна.
Откако ќе ги изблендирате овесните снегулки, го додавате прашокот за печиво и останатите
намирници, ленено семе и цејлонскиот цимет, па мешате со маталка за убаво да се соединат сувите со течните состојки.
На тивко на плотна поставувате намастено нелепливо тавче (со малку масло по избор: кокосово, маслиново или путер) и со лажица сипувате од смесата. Кога ќе видите меурчиња на површината со шпатула превртувате.
И тоа е тоа, многу е лесно и едноставно, по бојата ќе забележите кога се готови.
Сервирате со топинзи по избор. Симона би препорачала путер од индиски ореви и јаворов сируп.
Путерот од индиски е многу калоричен, но тоа не значи дека треба да го исклучите од исхраната ако се обидувате да намалите тежина.
Има висока нутритивна вредност, содржи полинезаситени масни киселини кои се многу важни за срцевото здравје и содржи витамин Е кој е многу важен за имунитетот.
A јаворовиот сируп, за разлика од другите засладувачи има повеќе антиоксиданси
Совет плус: Сервирајте ги со цеден сок од лимон или со dmBio сок од црна рибизла за максимална апсорбција на железо и да го збогатите оброкот со антиоксиданси.
Црните рибизли ја помагаат борбата со вируси и бактерии, ги намалуваат инфламаторните процеси во телото, го намалуваат ризикот од одредени типови на заболувања.