Брускети од крекери со намаз
Ако не ви се готви или не ви се јаде количински многу, ова може да биде брзински здрав мини оброк. Исто така е одлична опција ако на врата ви се појават ненајавени гости. Ова е веганска комбинација која изобилува со многу растителни влакна, антиоксиданси, витамини и минерали.
Потребни состојки:
- 1 пакетче dmBio крекери
- dmBio намаз
- рукола
- домат
- dmBio веган пармезан
Подготовка
Измијте ги салатата и доматот и нежно истапкајте ги со кујнска хартија за да се исушат.
Наредете ги крекерите на тацна за сервирање и секој крекер намачкајте го намазот.
dmBio намазот е одлична алтернативва за намаз во каква било комбинација. Направен е од сончогледово семе кое изобилува со Б витамини, витамин Е, Железо, Манган, Цинк.
Ставете малку од салатата на секој крекер и по неколку парчиња исечкани шери домати.
Поросете со веган пармезан. И секако, уживајте!