КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Тестенини од леќа со песто

Фусилите од леќа се одлична замена за леќа затоа што истите имаат состав од 100% црвена леќа.  Можете да подготвите навистина брз оброк кој притоа би бил здрав, би ја содржел потребната количина на протеин, а би го јаделе и оние членови на семејството кои баш и не се големи фанови на леќата. Пестото носи богатство од вкусови и ја прави комбинацијата совршена. Ова е вегански, посен и медитерански оброк кој е погоден за целото семејство.

Тестенини од леќа со песто

Потребни состојки:

  • 100 г dmBio фусили од леќа
  • 1 лажица dmBio маслиново масло
  • 1 лажица dmBio песто 
  • 1 лажица dmBio веган пармезан 
  • црн бибер, сол
  • лук во прав
  • 1 л вода
  • салата од рукола
  • 5-6 шери домати
  • dmBio сок од лимон
  • dmBio протеински микс од семиња 
  • 2 лажици dmBio маслиново масло

Подготовка

Леќата е една од најстарите здрави намирници. Истата природно не содржи глутен, но има многу растителни влакна и железо. Затоа и тестенините од леќа се супер опција.

Според инструкциите, нив ги варите во 1 л веќе зовриена вода 6-8 мин.

Откако ќе ги исцедите, додека се сè уште жешки ги додавате маслиновото масло и зачините, и секако пестото. Само мала количина од dmBio пестото целосно го трансформира оброкот. Содржи билки, јатки, зачини и маслиново масло кои придонесуваат во некои случаи да се помогне во борбата на телото со вирусите и бактериите.

Убаво промешувате, сервирате па поросувате од пармезанот.

Препорачуваме тестенините да ги комбинирате со свежа рукола салата со лимонов сок, лажичка маслиново масло и протеински микс од семиња.

Протеинскиот микс е наменет за грицкање, но можете да го употребите како топинг на супа, салата и брускети за екстра крцкавост и екстра здрав и растителен протеин.

Ова е избалансиран оброк кој има многу растителни влакна од нерафинираните јаглехидрати, доволно протеин од тестенините од леќа и содржи здрави масти кои доаѓаат од пестото.