КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Ориз и колбасички

,,Зготвен” оброк за буквално 5 минути. Вегански, односно посен, со избалансирана количина на јаглехидрати, протеини и здрави масти. Вкусен и практичен за на работа.

Ориз и колбасички

Потребни состојки:

  • 1 пакетче dmBio готов ориз 
  • 1 пакетче dmBio веган колбаси  
  • dmBio сол со зачини
  • малку dmBio маслиново масло
  • зелена салата
  • dmBio сок од лимон
  • dmBio протеински микс семиња

Подготовка

Дивиот ориз е навистина див, односно некултивиран и е целосно природен. Не е многу калоричен, а има поголема количина на протеини и изобилува со манган. Оваа готова комбинација на ориз е осмислена да биде најздрава што може, па и самото конзервирање е всушност со рафинирано маслиново масло.

Оризот го припремате според упатството, го загревате со 2-3 лажици вода околу 2-4 мин.

Додавате малку маслиново масло и сол со зачини по вкус.

Веган колбасички - тие се протеинскиот дел од оброкот и освен што се вегански, навистина се вкусни. Изобилуваат со природни ароми затоа што не содржат никакви конзерванси. Самото конзервирање е изведено со зачини кои освен што се вкусни, позитивно влијаат на нашето здравје.

Колбасичките ги пржите неколку минути со постојано превртување. Откако ќе биде сè готово, сервирате со зелена салата со семиња и лимонов сок.

Немањето време за подготовка на оброк не е изговор, потребно е само внимателно да ги изберете вашите намирници и да составите оброк кој ги содржи сите три групи на макронутриенти, а исто така содржи и многу микронутриенти.

  1. веган колбаси, 250 г

    dmBio

    веган колбаси, 250 г

  2. маслиново масло, 750 мл

    dmBio

    маслиново масло, 750 мл

  3. сок од лимон, 200 мл

    dmBio

    сок од лимон, 200 мл

  4. dmBio

    готов ориз, 250 г

  5. dmBio

    протеински микс семиња

Крај на листата