Тофу сендвич
Тофуто е сирење од соја кое е веган (посен) производ, содржи малку калории, а многу протеини кои се комплетни. Има антиинфламаторни својства, лесно е за подготовка, па може да биде одлична опција за сите кои немаат многу време за подготовка на оброци, а сепак сакаат да се исхрануваат избалансирано.

Избалансиран и вегански оброк кој содржи доволна количина на протеин и растителни влакна, практичен е за да се понесе на работа и прилично лесен да се зготви.
Дополнителен бонус е што маринираното и зготвено тофу можете да го складирате во фрижидер, па да имате одличен извор на протеин со каков било брз оброк (салата, прилог ориз, компир, тортиља врап).
Потребни состојки:
- 2 парчиња dmbio ‘ржан леб
- dmBio тофу
- dmBio намаз
- зелена салата
- домат
- кисели краставички
- 2 лажици dmBio соја сос
- 2 лажици dmBio јаворов сируп
- 1/2 лажичка лук во прав
Подготовка
Тофуто го сечете на тенки парчиња и го ставате да се измаринира минимум 30 мин во соја сос, јаворов сируп и лук во прав.
Дали знаете дека тофуто има антиинфламаторни својства? Освен тоа, лесно е за подготовка, па може да биде одлична опција за сите кои немаат многу време за подготовка на оброци, а сепак сакаат да се исхрануваат избалансирано.
Дополнителен бонус е што маринираното и зготвено тофу можете да го складирате во фрижидер, па да имате одличен извор на протеин со каков било брз оброк на пример во салата, со прилог ориз, со компир, во тортиља врап.
Додека се маринира тофуто, ги подготвуваме парчињата леб, односно ги премачкуваме со намазот
Ја редиме зелената салата, парчиња домат и исечкани кисели краставички.
Во веќе загреана тава со малку маслиново масло, веќе маринираното тофу го карамелизирате околу 5-6 мин.
Кога е готово, го ставате тофуто во сендвичот и послужувате.