Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Трајна торба за цел живот!


Драги наши,

нашата одлука за целосно укинување на пластичните кеси во нашите дрогерии стартуваше на 21.10.2019. Затоа сакаме да Ве замолиме при вашето пазарување да понесете своја торба во нашите дрогерии. Доколку не носите, ние ќе ви понудиме еколошки алтернативи за транспорт на вашите производи. 
 

Како дел од нашата акција, во период од 30.10.2019, па сѐ до истек на залихите, за секоја сметка над 1.000 мкд во нашите дрогерии ќе можете, за само 1 мкд да купите ТРАЈНА ТОРБА ОД 100% ОРГАНСКИ ПАМУК, со гаранција за „цел живот“! Што значи тоа? Доколки оваа торба се скине или се оштети на било кој друг начин, истата ќе ви биде бесплатно заменета во било која наша дрогерија.


 

Повеќе околу одлуката за укинување на пластичните кеси можете да прочитате ТУКА!


 

Во продолжение можете да ги погледнете алтернативните решенија кои ви ги нудиме наместо пластични кеси:


 

dm трајни памучни торби од 100% органски памук - 1 парче, 95 мкд 

Трајните памучни торби се произведени од 100% органски памук и носат гаранција за „цел живот“. Секоја оштетена трајна памучна торба, може во секое време БЕСПЛАТНО да се замени во нашите дрогерии.


 


 

dm хартиена кеса - 1 парче, 10 мкд 

Нашите хартиени кеси се направени од 85% рециклирана хартија, што се потврдува и преку ознаката “DER BLAUE ENGEL“ – Плав Ангел – најстара ознака во свет за еко производи, која ја добиваат само оние производи кои придонесуваат кон одржливо користење на ресурсите.


 


 

dm ПВЦ големи трајни торби, 1 парче - 65 мкд 

Нашите трајни торби се произведени од рециклирана пластика и ја носат ознаката “DER BLAUE ENGEL“ – Плав Ангел – која гарантира рационална употреба на суровините и одржливо користење на ресурсите.


 

Интересно!
dm како концерн од 2012 
 година е член на оранизацијата WWF Climate Group со што се обврзува на активно намалување на CO₂ емисијата за 15%.