Одржлив развој преку dm марките – добри за вашиот паричник и за околината

Голем број купувачи нѐ посетуваат токму поради нив: dm марките. Тоа што ретко кој го знае: покрај одличниот сооднос цена-квалитет и докажаниот квалитет, dm марките се истакнуваат и по нивната долгорочност и одржливост.
Препознајте еколошко одржливи производи
Од 2009 година наваму, на сите производи стои ознаката за одржливост, детелина, на која може да прочитате како овој производ се однесува примерно кон околината.
Кратки транспорти
90 проценти од производите на асортиманот на dm марка потекнуваат од Централна Европа, а повеќето од нив од Германија и Швајцарија. Со тоа dm осигурува работни места, ги крати долгите патишта за транспорт, а со тоа ја намалува и емисијата на CO2 во воздухот.
Без тестирање на животни
Не се практикува тестирање на животни на ниеден производ од асортиманот на dm марка.
Без Микропластика
Од 2014 година, производите од dm марките се целосно ослободени од микропластика.
Пакувања кои не се штетни за околината
При изборот на пакувањето, во преден план стои заштита од оштетување или расипување. „Истовремено тестираме разновидни ветувачки материјали, како и различни мерки со кои ќе успееме да обезбедиме одржливи и еколошки пакувања за нашите dm марка производи“ изјавува Петра Грубер, директорка на Маркетинг и Набавка во dm Австрија.