Микропластика – една навистина комплексна тема

Пластичните материјали кои завршуваат во природата претставуваат голем предизвик. Конкретно малите пластични кеси може особено да предизвикаат неповратно оштетување на животната средина. Но сите пластични материјали не се исти: големината и квалитетот играат важна улога. Кон крајот на 2014, dm ги отстрани микропластиката од своите производи, конкретно од производите на dm марките.
Многу оспоруваниот поим „Микропластика“
Во широката јавност, поимот микропластика е често споменуван, но за жал на многумина им е нејасно што точно се крие позади овој термин, заради самата комплексност на овој поим.
Ќе пробаме да го разјасниме.
До денес не постои јасна дефиниција на поимот „Микропластика“. Затоа, dm како компанија се одлучи, овој поим да го дефинира според дефиницијата на Германското министерство за животна средина, каде микропластиката е дефинирана како, тврди, нерастворливи во вода, пластични микрочестички, со обем од 5 (или помали) мм.
Како доаѓа микропластиката во природата?
Појавата на микропластика во природата може да има повеќе причинители. Главно се прави разлика помеѓу примарна и секундарна микропластика:
Како примарна микропластика се опишани пластичните микрочестички, кои се произведени во мали количини. Такви се на пример т.н. базични пелети, кои се користат како основен материјал за производство на пластика или како дел од одредени козметички производи со пилинг својства.
Кога се зборува за скундарна микропластика се мисли на микрочестички, кои настануваат со ситнење на поголеми пластични делови. Ова може да биде последица на распаѓање. Според студија на Германското министерство за животна средина, токму распаѓањето на поголемите пластични тела (Макропластика) е најголем „виновник“ за микропластиката која завршува во морињата и океаните. Дополнително, триењето на автомобилските гуми и распаѓањето на влакната од синтетичките текстили при перење се големи изводи на микропластика.
dm марка производите не содржат микропластика.
Веќе од 2014 година сите производи за нега на тело и орална хигиена на dm, при чие измивање микропластиката може да заврши во морињата и океаните се ослободени од овие микро честички. Микропластиката во овие производи е заменета со одржливи и природни материјали.
Синтетички полимери на тест
Во многу случаи, растворливи синтетички полимери, исто така, се дискутираат во контекст на "микропластика". Меѓутоа, разликата е важна и неопходна, бидејќи различните групи на супстанции имаат различни физички својства. Според сегашната состојба на истражување, синтетичките полимери не се откриени во водите. Тие се растворливи во вода и ја немаат издржливост на пластичните микрочестички. За нив се вели дека немаат способност да поминат низ постројки за пречистување водите. Тие, меѓу другото, се користат како стабилизатори или згуснувачи во производите и со тоа придонесуваат за квалитетот и безбедноста на производот. На пример, тие овозможуваат подобро дозирање, што пак спречува распаѓање на производите.
„Како компанија која постојано работи на развојот на своите производи, обрнуваме големо внимание на расправата за синтетичките полимери. Моментално сме во тесна размена на информации со нашите партнери на оваа тема и работиме на замена на синтетичките полимери во нашите производи, секако притоа да го задржиме и квалитетот и безбедноста на нашите производи“ – објаснува Петра Грубер, директорка на секторот Маркетинг и Набавка на dm Австрија.
На пример, рецeптурите на повеќе од 80% од производи на Balea од сегментите на нега на коса, тело и лице веќе се изменети и се произведуваат и дистрибуираат без синтетички полимери (од почетокот на 2019 година). Сепак, постојат сѐ уште производи, каде не можат синтетичките полимери да се заменат, конкретно заради специфичните својства на производот. Развивањето на квалитетни и безбедни алтернативи кај овие производи е долгорочен процес, заради тоа што заменските состојки не смеат да бидат штетни по околината и луѓето.
Природна козметика – сигурен избор
Доколку сакате да сте 100% сигурни, асортиманот на природна козметика во dm е правото решение. Овие производи се 100% без синтетички полимери, а како такви се сертифицирани од реномирани светски институти како Natrue, BDIH или COSMOS.