КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

ЕКО ознаки на нашите производи

Еден од нашите од основни принципи е „да делуваме како пример во заедницата во која работиме“. Заради ова постојано се бавиме со темата одржлив развој. При тоа, за нас не се важни празните ветувања, туку делата. 90% од нашите сопствени трговски марки потекнуваат од Централна Европа, најголем дел од Германија и Швајцарија. Со тоа dm обезбедува работни места и го смалува загадувањето предизвикано од долгите транспорти. Покрај тоа, ние сме дел од мрежата WWF (World Wide Fund For Nature) – една од најголемите независни организации за заштита на животната средина во светот.

Еко ознаки на dm марка производите

  1. Со оваа ознака се означуваат производи произведени со органски состојки. Одржливото производство и благосостојбата на животните користени во производството се во преден план на оваа ознака.

    Bio nach EG Öko Verordnung

  2. Оваа ознака е доброволна иницијатива на компаниите ширум европа кои произведуваат средства за перење и чистење. Ако оваа ознака се наоѓа на производите, тоа значи дека истите се произведени исклучиво по стандарди за одржливост и во целокупниот процес се обезбедува и контролира рамнотежата на еколошките и социјалните критериуми. Оваа ознака може да се најде на производите од нашата dm марка Denkmit.

    Ознака за одржливо чистење

  3. NaTrue oзнаката гарантира дека производите кои ги набавувате се целосно природни. Организацијата се залага за квалитет, чистота на правата природна и органска козметика која се состои од вода, природни состојки и природно-идентични супстанции. Нашата сопствена марка alverde NATURKOSMETIK ја поседува оваа озната.

    NaTrue

  4. Ви ја претставуваме ознаката за животна средина: на основа на dm зелената детелина со сини рабови можете визуелно да ги препознаете еколошките аспекти на некој производ. Оваа ознака осигурува дека се задржани строгите еколошки правила за состојки, пакување и производен процес на производите, кои постојано се подобруваат.

    dm детелина за еколошка одржливост

  5. Плавиот Ангел е прва и најстара ознака во светот за еколошко производство. Повеќе од 40 години оваа ознака стои покрај сѐ и за рационална употреба на суровините, ниска потрошувачка на енергија и што поеколошко производство. Производите со оваа ознака се состојат на пр. од рециклирани и рециклирачки материјали и на тој начин се придонесува до одржливо користење на ресурсите.

    Der Blaue Engel – Плав Ангел

  6. FSC е заштитен знак и означува производи направени од дрво и хартија кои се произведени во согласност со важечките еколошки и социјални стандарди во светот. Со строгите критериуми за управување со животната средина се избегнува неконтролирано сечење на шумите, кршење на човековите права и преоптеретување на животната средина.

    FSC®

  7. Меѓународната заедница Öko-Tex ги потврдува производите кои ја преминуваат законската граница на опасни загадувачи. Независни институти го проверуваат текстилот: законски забранети материи како канцерогени бои, регулирани материи како пластификатори, како и хемикалии кои го загрозуваат здравјето се само некои од параметрите кои мора да бидат запазени при изработка на текстил кој ќе одговара на човековата кожа.

    Ознака со која се карактеризира пријатен текстил

  8. Оваа ознака се користи да за означување на сите производи за нега на тело и дентална хигина од нашите dm марки и означува дека овие производи во себе не содржат микропластика и во вода разградливи полимери, со чие измивање може да се загадат светските води.

    Без Микропластика

  9. Производите кои се означени со веганскиот цвет се сертифицирани во склад со критериумите на Здружението на вегани од Велика Британија. Со ова се гарантира дека производите не содржат животински состојки и дека не се тестирани на животни.

    Вегански цвет

Крај на листата