КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Фрлањето е минато: Вака ќе го избегнете непотребниот отпад!

Хартија наместо пластика, refill и повеќекратни пакувања - 5 совети за тоа како да избегнете непотребен отпад од пакување.

Фрлањето е минато: Вака ќе го избегнете непотребниот отпад!

Секоја година, 25 милиони тони пластичен отпад се создаваат во Европа. Многу може да се избегне доколку малку се преиспитаме самите себе, доколку размислите поинаку и дејствуваме свесно.

1. Повеќекратна наместо пластична кеса за една употреба.

Користењето хартиени кеси наместо пластични е добро. Но, има и подобри решенија: земете си сопствена торба од дoма со вас при пазарувањето. Ова не само што заштедува пари, туку ја штити животната средина и ја растеретува корпата за отпадоци.

2. Повеќекратна наместо еднократна употреба

Одлучете се за производи во стаклени пакувања. Стаклото има голема предност во однос на пластичното пакување: може да се стопи и повторно да се користи онолку често колку што сакате.

3. Наполнете одново наместо да купувате ново

Хигиенски производи како што се детергенти за миење садови и детергенти за перење алишта, течни сапуни и средства за чистење се достапни во пакување за повторно полнење. Одберете правилно.

4. Отворете ја славината наместо да носите тешки шишиња вода

Носењето тешки кеси ѝ штети на околината, но и на грбот. Пластично шише вода се наоѓа во девет од десет кеси што ги носиме дома по пазарувањето. За оние кои можат без јаглерод диоксид, предлагаме побрзо, еколошко и поевтино решение - само отворете ја славината дома и уживајте.

5. Користете торби и амбалажи што може да се користат повеќекратно, наместо да купувате производи во пакување за еднократна употреба

Без пакување на свежи производи во амбалажа за еднократна употреба, може да се заштеди значителна количина пластика и хартија. За да купите салама и сирење, понесете кутија за чување свежа храна.

Овошјето и зеленчукот исто така може да се пакуваат на еколошки начини, во трајни торби или мрежички наместо во пластична кеса.

Кога сте надвор, кафето можете да го испиете од чаша за повеќекратна употреба што секогаш можете да ја понесете со вас.

Запомнете, секогаш кога купуваме раскошно спакувани производи, плаќаме повеќе, не само за производот, туку и за производство, транспорт, рециклирање и одлагање на неговото пакување.

  1. dmBio доматен сос, 450 мл

    dmBio

    доматен сос, 450 мл

  2. Balea течен сапун, дополна, 500 мл

    Balea

    течен сапун, дополна, 500 мл

  3. Denkmit концентрат за чистење бања, 500 мл

    Denkmit

    концентрат за чистење бања, 500 мл

  4. Denkmit течен детергент за шарени алишта, 23 перења

    Denkmit

    течен детергент за шарени алишта, 23 перења

  5. Soft&Sicher хартиени марамици, 100/1

    Soft&Sicher

    хартиени марамици, 100/1

Крај на листата