КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

5 совети за бања без пластика

Најдобри идеи за поголема одржливост и еколошка свесност во бањата.

5 совети за бања без пластика

Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор. Не само филозофите и планинарите го знаат ова, туку и луѓето кои се свесни за животната средина. Затоа што, ако сакате да го подобрите светот, треба да започнете некаде. Тогаш, зошто да не започнете во вашата бања? Со само неколку мали мерки, можете да избегнете непотребен пластичен отпад.

1. Збогум на пластиката за една употреба

Неколку минути употреба, неколку векови распаѓање: зборуваме за таканаречената „пластика за една употреба“. Ова се однесува на производи изработени од пластика кои се одлагаат по само една употреба. Совршената алтернатива на пример за стапчиња за уши е одамна достапна: Производите со дрвени или хартиени дршки се поеколошки, а исто толку ефикасни. Во случај на влажни марамчиња, веќе многу производи се префрлени на 100% целулоза. А, кога станува збор за нега на забите, можете да користите одржливи и биоразградливи четки за заби направени од бамбус и дрво.

2. „Чиста работа“ без микропластика

За бања без пластика, исто така вреди да се погледне етикетата на производот - клучен збор: микропластика. Овие нерастворливи, ситни честички од пластика се наоѓаат во козметиката, на пример во гелови за туширање, пилинзи и паста за заби. Нивните задачи се разновидни, тие често се користат како пилинг честички. Добра вест: микропластиката се користи во сè помалку производи. Наместо тоа, се користат одржливи алтернативи за пилинг-ефект, како што се зрната од бамбус.

3. Еколошки амбалажи

Пакувањето не само што треба да изгледа убаво, туку и да го заштити производот од губење на квалитет и контаминација. dm постојано ги проверува новите опции во овој поглед. Пакувањата во туби на dm марката alverde постепено се претвораат во најмалку 50 проценти рециклиран материјал. Целосно без пластика и во картонска амбалажа доаѓаат многу сапуни за лице цврсти шампони и регенератори.

  1. alverde сапун, 100 г

    alverde

    сапун, 100 г

  2. alverde тврд шампон, 60 г

    alverde

    тврд шампон, 60 г

  3. ebelin стапчиња за уши, 200/1

    ebelin

    стапчиња за уши, 200/1

  4. dmBio кокосово масло, 300 мл

    dmBio

    кокосово масло, 300 мл

  5. alverde дрвена четка за заби, 1 парче

    alverde

    дрвена четка за заби, 1 парче

Крај на листата


4. DIY производи за нега

Ако сакате, можете и самите да бидете креативни за бања без пластика. Многу органска храна може да се користи за други цели. На пример, маслата од арган и кокос. Овие, покрај тоа што се користат во кулинарството, своја примена наоѓаат и во негата на телото и косата.

5. Зелена алтернатива: Zero Waste

Патот до нула отпад не е секогаш лесен и на почетокот бара малку вежбање. Да внимаваме на производите кои ги набавуваме за нашата бања, како и воопшто во нашето секојдневие не е едноставно, но остварливо за секој кој сака да направи чекор кон „подобро утре“. Во dm нудиме голем број на алтернативни производи, со чија употреба можете да придонесете кон почиста животна средина.