
Убаво е да се биде жена! Убаво е да се биде #скрозјас.
Месец март нѐ асоцира на убави работи: доаѓањето на пролетта и секако, Денот на жената – 8 Март! Со доаѓањето на пролетта во нас се буди и инспирацијата, се буди топлината, се буди чувството на припадност и потрагата по нови авантури. Но, во овој период никако не сакаме да заборавиме на нашите драги мајки, сопруги, пријателки и колешки. Во нашите дрогерии пронајдете инспирација за најубавите подароци, со кои покрај секојдневните ритуали на внимание и знаци на љубов, дополнително ќе им покажете колку ви значат.
Издвојуваме
Што да ѝ подарите на драгата женска личност на Денот на жената?
Како што веќе спомнавме, вообичаено е да се подаруваат цвеќиња на драгите жени за 8-ми март. Ако сакате да подарите нешто поразлично, можете да ја однесете вашата сакана на театарска претстава, кратко патување, вечера во ресторан (или уште подобро - да ѝ подготвите домашна романтична вечера), или пак да создадете опуштена велнес-оаза во Вашата бања. Соодветен подарок за Денот на жената е омилениот мирис на вашата сакана, а со оглед на доаѓањето на пролетта, можете да ѝ подарите и мирис со цветни ноти.
Убав мирис е шлаг на тортата за секој outfit...внесува импулс во секојдневниот живот и ја нагласува единственоста. Затоа, елегантните и луксузно дизајнирани шишенца со парфеми се вистинскиот избор да ги изненадите вашите омилени дами.
Подарок сетови
Секој сака да им подарува на своите сакани. Покажете им на вашите сакани мајки, сестри, ќерки, колешки и пријателки колку сте среќни се присутни во вашиот живот. Изненадете ги со парфимиран подарок сет или пак со спа сет за да создадете релаксирачки моменти.
Шминки
Дали имате идеја што ќе им подарите на вашите најдраги? Шминката е прекрасен подарок за секоја жена! Голем дел од женската популација ѝ придава големо значење на нивната шминка, а секојдневната рутина на шминкање е составен дел од програмата за разубавување. А најубавата вест е тоа што вашите омилени шминки сега се со СЕКОГАШ ПОВОЛНИ цени! Разгледајте дел од нашата понуда во продолжение, а уште поголем избор можете да најдете во некоја од нашите дрогерии.
Би можело да ве интересира
Совршен подарок за Денот на жената
На дамите со специфичен вкус треба да им се остави сами да изберат подарок сет, за да не ризикувате да видите разочарани лица! Најдобар начин да го направите тоа, е да изберете подарок ваучер. Дали мислите дека во тој случај недостасува факторот изненадување? Напротив, славеничката гарантирано ќе ужива во подарокот. Подарок ваучерите се достапни во сите dm дрогерии.
Повеќе за историскиот момент и условите за работа
Празникот кој го славиме како Меѓународен ден на жената е меѓу народот познат и како 8 Март. Градските улици тој ден, а и денови пред тоа, се исполнети со мноштво цвеќиња, а црвениот каранфил се истакнува како симбол на Денот на жената. Во денешно време често се подаруваат и други видови цвеќиња, како црвени рози и мимози. Корените на Меѓународниот ден на жената, кој има големо значење во борбата за родова еднаквост, датираат од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.
Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век започнува забрзан индустриски развој и економска експанзија, што создава потреба од поголем број работници во фабриките. Работеле долги часови, често на небезбедни и нездрави места каде што многумина ги загубиле животите. За да заштедат пари, многу работодавци вработувале жени и деца да работат во фабрики, бидејќи им биле исплаќани помали плати од мажите.
Како доаѓа до идејата за одбележување на Денот на жената?
За да се борат за повисоки плати и подобри услови за работа, работничките во текстилната и другите индустрии организираа низа акции и протести. Најпознатиот таков протест се случува во 1908 година кога 15.000 жени маршират низ Њујорк, барајќи пократко работно време, подобри плати и право на глас. Во 1910 година, во Копенхаген се одржува меѓународна конференција на жените, каде што, на предлог на Клара Цеткин, член на германската социјалдемократска партија и активистка за правата на жените, се прогласува Меѓународниот ден на жената.
Кога се организирал првиот Ден на жената?
Во согласност со одлуката донесена во Копенхаген, првата прослава на Денот на жената е организирана во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија во 1911 година, на 19 март. Помалку од една недела по прославата, која ја одбележале повеќе од милион луѓе во споменатите земји, во фабриката Триангл Ширтвејст во Њујорк избувнува пожар, во кој поради несоодветни безбедносни мерки при работа загинуваат повеќе од 140 жени. Во 1913 година, жените во Русија го прославија првиот Меѓународен ден на жената во последната недела од февруари. По бројни дискусии се одлучува Денот на жената да се слави на 8 март и така остана до денес.
Што се слави на Денот на жената?
Она што започнло со бројни протести на жените кои се борат за подобри работни услови и право на глас, сега станува ден за славење на сите достигнувања на жените во економската, политичката и социјалната сфера и ден за подигнување на јавната свест за напредокот што жените го постигнале во тековната борба за родова еднаквост. Во повеќе од 25 земји, вклучувајќи ги Куба, Авганистан и Виетнам, овој ден е национален празник.








