КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

1 производ – 3 примени

Ако не сакате да потрошите многу пари или можеби носите само еден кармин со себе, можете да направите многу повеќе отколку само да ги истакнете вашите усни со овој сестран производ. Денес ќе ви покажеме како и каде.

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 2 Мин.

12/29/2023

1 proizvod 3 primene

Сенка за очи

Не мора да користите кармин или сјај за усни само на усните, можете да го нанесете и на очите. Ако ја сакате бојата на омилениот кармин, едноставно користете ја за да ги шминкате очите. Најлесен начин да нанесете кармин е со прстите. Намачкајте ја бојата на капакот додека не го достигнете саканиот интензитет на бојата.

Осмелете се да пробате и светли бои за усни – сјајот на очните капаци е апсолутно во мода, особено во зимските месеци.

Совет: Најдобро е на капакот прво да нанесете безбојна пудра или база за сенки за да не се размачка кремастата текстура на карминот.

Руменило

Како кремасто руменило особено одговараат розови, кафеави или корални кармини. Едноставно малку нанесете го карминот на јаболчниците и добро втријте го со сунѓерче. Ова создава симпатичен Glowy Look, кој ви одзема максимум 1 минута.

Усни

Кармин – да, секако дека го знаеме тоа. Сепак, и овде можете да си играте со различни намени за да постигнете различни ефекти. За да постигнете нежен изглед на усните, нанесете го карминот со прстот и нежно тапкајте го. На овој начин ќе избегнете премногу остри линии и ќе добиете поприроден изглед. Меѓутоа, доколку карминот сепак го нанесете директно или со четка, интензитетот на бојата ќе биде појак, бидејќи на усните има повеќе пигменти во боја. Доколку е потребно, можете малку да го омекнете со притискање козметичко марамче на усните.