КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

И шминката е постојана: Спортот се среќава со шминката

Бавејќи се со спорт, не сакате само да добиете добра фигура, туку сакате и да го покажете своето лице во најдобро издание. Не е важно дали тоа ќе биде во текот на тренингот или по него.

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 5 Мин.

9/10/2025

И шминката е постојана: Спортот се среќава со шминката

Правило број 1 за шминкање за време на спортувањето – важно е да е постојано!

Пулсот се забрзува, мускулите се активираат и на челото се создава пот. Добро е ако не мора да се грижите во тој момент и за уште една работа: шминката!

Конечно, никој не сака по вежбањето, да стои во соблекувалната со очи како панда и црвени флеки. За среќа, постојат посебни производи за сите оние кои не сакаат да се откажат од шминката за време и по вежбањето.

Практичност: make up производи за спортистки

Многу производители на декоративна козметика, препознале дека жените ретко спортуваат без никаква шминка. Затоа развиле посебни производи кои се формулирани да траат, но не и да ги затворат порите, за кожата да може да се поти. Затоа што: Потењето за време на спортувањето е важно и служи како детоксикациски третман на кожата!

Кои се карактеристиките на козметичките производи за спорт?

  • лесна текстура
  • формулација без масло
  • особено издржливи и отпорни на пот
  • природни состојки и нијанси на бои
  • честопати се со висок заштитен фактор од сонце, за спортување на отворено

3 чекори до траен fitness make up

Чекор 1: нанесете основа

Прво, на исчистена кожа која е хидрирана со дневен крем за лице, нанесете основа или коректор. Најдобро е со прстите нежно да ги натапкате на кожата. Не се препорачуваат тешки основи или шминки кои многу покриваат бидејќи ги затвораат порите, и заедно со маслото предизвикуваат дамки кои не се убави на изглед. Во најлош случај, ќе се развијат мозолчиња и акни.

За оние кои редовно тренираат на отворено, се препорачуваат основи со висок фактор за заштита од сонце.

Совет: Спортските производи треба да бидат означени како ,,некомедогени’’! Некомедогените креми не содржат маснотии, па и овозможуваат на кожата да дише и на тој начин спречуваат нејзино затнување во вид на митесери или акни. Комедогени состојки се, на пример: минерални масла (силикон, петролат,...), масти од животинско потекло (ланолин, волнена маст) или растителни масти (палмино масло, кокосово масло,...).

Чекор 2: фиксирајте ја шминката

За подлогата да може да ,,го преживее’’ тренингот, секогаш треба да биде добро фиксирана. За да го направите тоа, нанесете проѕирна, матирачка пудра на целото лице со четка за оваа намена. При тоа, бидете великодушни, дури и на Т-зоната. Посебни спрејови за фиксирање на шминката ќе осигураат дополнителна доза на постојаност и притоа нудат одлична доза на свежина.

Веќе знаете? За време на вежбањето, може да користите и разладувачки спрејови за лице. Прават вистинско чудо, особено во лето!

Чекор 3: нагласете ги очите

Make up без маскара? Нема шанси! За многу спортистки, маскарата е минимум make up. Затоа е апсолутен must-have: водоотпорна маскара. За секоја потреба постои по нешто – од зголемување на должината на трепките, додавање на волумен, повеќе густина, па до екстра драматичност и уште многу....

Можеме ли да посакаме уште нешто? Во меѓувреме дури и моливчињата за очи во боја и кремастите сенки за очи станаа достапни и со водоотпорна формулација!

Make up трикови по тренингот

Дури и ако шминката ,,го преживеала’’ интензивниот тренинг, по завршувањето таа мора да се отстрани! Причината е едноставна: Порите од потењето се прошируваат и бактериите многу лесно влегуваат во нив, што може да предизвика воспаление. Затоа најдобро е веднаш по тренингот да се отстрани шминката со влажни марамици за отстранување шминка и да се освежите со освежително туширање. Тука има и добри вести за сите оние кои сакаат топли купки: Водата не смее да биде премногу ладна, дури и ако сакате да се освежите по летниот тренинг, бидејќи телото ќе бара начини уште повеќе да се загрее. Со водата, температурата на телото може брзо да се смири и да се врати тенот од светлоцрвена во нормална боја.

Доколку лицето е суво, нежно натапкајте (наместо да триете) хидратантен крем, тука се познати матирачките креми за нега на база на гел. Така ќе го добиете познатиот glow по вежбањето и ќе спречите масен сјај. Кога сме веќе кај сјајот по тренингот: Кожата на лицето е добро снабдена со крв и нема потреба за дополнително руменило! Само по желба нанесете дневен или вечерен make up и подготвени сте за сите нови обврски!

  1. trend IT UP EXPERT FINISH пудра

    trend IT UP

    EXPERT FINISH пудра

  2. trend IT UP спреј против црвенило, 50 мл

    trend IT UP

    спреј против црвенило, 50 мл

  3. MAX FACTOR 2000 CALORIE маскара

    MAX FACTOR

    2000 CALORIE маскара

  4. trend IT UP CONTOUR & GLIDE молив за очи

    trend IT UP

    CONTOUR & GLIDE молив за очи

  5. lavera пена за миење лице, 150 мл

    lavera

    пена за миење лице, 150 мл

  6. NIVEA крем за лице, 50 мл

    NIVEA

    крем за лице, 50 мл

  7. alverde влажни марамици за чистење лице, 25/1

    alverde

    влажни марамици за чистење лице, 25/1

Крај на листата