Крај на листата
Славиме заедно 10 години dm!
Родендените се посебни - а ние во dm сакаме да ги славиме сите посебни моменти со вас, сите вие кои ни ја дадовте вашата доверба и лојалност во изминатите 10 години. За да ги одбележиме овие посебни моменти, подготвивме многу поволности и изненадувања за вас. Но, секој роденден враќа спомени. А ние во dm имаме многу од нив. Со насмевка на лицето се сеќаваме на сите отворања кои ги имавме во изминативе 10 години. Отворивме 21 дрогерија: 13 во Скопје и по една во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид. Со насмевки се присетуваме и на сите дружења, настани и активности на кои присуствувавме заедно. Како дел од нашата компаниска филозофија за промовирање на здравите навики и здравиот начин на живот, заедно со вас учествувавме и поддржавме бројни настани како, Скопскиот маратон и Женска трка.
Избирам германски квалитет веќе 10 години!
Најголем понудувач на сопствени брендови!
На нашите полици ќе пронајдете повеќе од 4.000 производи од сопствените dm марки. Со висококвалитетните брендови како Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и многу други, гарантираме идентичен квалитет на производите во сите земји.
10 години германски квалитет
Висококвалитетни и иновативни
При развојот на производите, dm е сконцентриран пред сѐ на квалитет, но и на супер поволни цени. Производите од нашите марки се произведени по најмодерните стандарди: самото производство, сите состојки кои се употребуваат, како и самите пакувања на производите подлежат на редовни строги контроли, со што се гарантира квалитет на највисоко ниво.
Нашите dm марки
Одржливи и погодни за околината
dm марките се произведуваат што е можно поповолни за животната средина: со посебно одбрани состојки и рециклирачки амбалажи. Дополнително секогаш се внимава на локалниот транспорт, со што се штити околината од непотребни CO2 загадувања предизвикани од долгите транспорти.
dm Времеплов
Многумина од вас нѐ следат од самиот почеток. Во 2012, ги отворивме првите две dm дрогерии во Скопје, а со тоа започна нашето заедничко патување. Изминатите 10 години беа многу возбудливи и разиграни. Но, историјатот на dm како компанија започнува многу порано, во далечната 1973 година во градот Карлсруе во Германија. За сите вас, кои сте заинтересирани малку повеќе да дознаете за dm низ годините, во продолжение можете да ги погледнете сите значајни датуми во историјата на вашата омилена компанија.













