
Лаванда
„Како да го пронајдам мирот?“
Лаванда – за чувство на вистинска релаксација
Лавандата е несомнено една од најраспространетите и најпознати билки ширум светот. Ова прекрасно миризливо медитеранско растение со неговите виолетови цветови украсува многу балкони и градини. Но, лавандата може многу повеќе од тоа. За неа се вели дека има пријатен и релаксирачки ефект. Исто така, може да се најде во многу кујни, како додаток во многу јадења. Оваа билка може да се користи како за надворешна, така и за внатрешна употреба. Таа може да се најде во различни форми, од чаеви, додатоци за во бања, етерични масла, сапуни, па сѐ до креми и миризливи перничиња.
Со нејзиниот мек и нежен, пријатен мирис, лавандата ги штити нашите алишта во плакарите од молци. Едноставно, ставате свежа гранка лаванда помеѓу вашите алишта и создадете природна бариера против овие несакани штетници.