ВЕРУВАМ ВО МОЌТА НА БИЛКИТЕ!
Нашите ливади и шуми се преполни со благородни растенија и билки. Овие природни богатства, на природен начин го поддржуваат нашето тело и нашиот дух. Некои од овие растенија ни се секојдневно на располагање, како состојки во многубројни производи за нашата нега и убавина, како и исхрана. А, ние, во продолжение, решивме да ви претставиме дел од нив и да споделиме со вас некои интересни работи за истите.