Ѓумбир
"Како да ја минам студената зима?“
Ѓумбир- освежува и загрева.
На повеќето од нас ѓумбирот ни е познат како кујнски зачин, кој, благодарение на својот остар пикантен вкус, му дава егзотична арома на секое јадење. Егзотично е и неговото потекло: Ѓумбирот потекнува од тропските и суптропските предели, но денес се одгледува и во делови од Европа и Австралија. Овој корен, не само што има единствен вкус, тој, исто така има голема улога во нашата благосостојба, особено во студените зимски денови. Посебно е обожуван како додаток во чај или сок.
Ѓумбирот е едноставен за подготовка: Натопете пола лажичка тенко исечкан ѓумбир. Оставете го така да отстои околу 7 минути, потоа процедете ги остатоците и уживајте во топлиот напиток.







