
Камилица
“Сакам да исчезне затегнатоста на мојата кожа.“
Камилица: засади, негувај и набери.
Камилицата навистина важи за семоќна билка. По потекло, таа доаѓа од Јужна и Источна Европа. Камилицата цвета во златно жолта боја, во период од мај до септември. Ова растение наоѓа широка примена во нашиот живот и може да се најде во бројни производи, од балсами за миење на садови до купки и средства за нега на кожа. Кремите од камилица имаат хидратантни својства, кои ја релаксираат затегнатата и чувствителна кожа. А, секако, на сите нас ни е познато дејството на камилицата во топла чаша чај.
Домашно-произведени производи од цветови од камилица не треба да се користат во пределот околу и на очите. Ваквите самоизработени производи може да содржат нечистотии, кои може да предизвикаат инфекции на очите.












